• 01.jpg
  • 3.png
  • 4.png
  • 5.png
  • 6.png
  • 7.png
  • 8.png

1805 - Францускиот цар Наполеон Први е крунисан за крал на Италија во катедралата во Милано.
1865 - Кај Шривперт, во Луизијана, се предаде и последната единица на конфедерациската армија, со што заврши Граѓанската војна во САД.
1882 - Германскиот бактериолог Роберт Кох (1843-1910) на собирот на берлинските лекари соопшти дека го открил бацилот што ја предизвикува туберкулозата и оти пронашол лек за оваа болест – тубекулин. Кох го откри и причинителот на колерата од која во минатите столетија умираа десетици илјади луѓе во светот. За овој труд во 1905 година ја доби Нобеловата награда за медицина.
1954 - Во Египет е откриен погребниот брод на фараонот Кеопс.
1979 - Израел му го врати на Египет синајското средиште Ел Ариш, кое беше окупирано во војната 1967 година.
1991 - Зивјад Гамсахруди е избран за претседател на Грузија.
2006 - Германскиот канцелар Ангела Меркел во Берлин, со огромен ласерски спектакл, ја отвори најмодерната европска железничка станица, изградена главно од стакло.
2006 - Едуар Мишлен, директор на француската компанија „Мишлен“, загина во несреќа на море.