Словачката Република е држава која се наоѓа во централниот дел на Европа со површина од 49.000 km2. Словачка е земја членка на Европската Унија, НАТО, ООН, ОЕСР, Светската трговска организација, Вишеградската група и други.

01

Политичка карта на Словачка

Се граничи со Чешката Република и Австрија на запад, Полска на север, Украина на исток и Унгарија на југ. Најголем град во државата е нејзината престолнина, градот Братислава. Втор по големина град е Кошице.

02

Братислава

За време на долгата историјата, различни делови од денешна Словачка припаѓале на Кралството на Само, Кнежеството Нитра, Кралството Унгарија, Австро-Унгарија или Хабсбуршкото Монархија и Чехословачка. Самостојна Словачка држава кратко постоела и за време на Втората светска војна, во периодот од 1939-1945 година , по што, повторно станала дел од Чехословачка.

03

Замокот Спиш

05

Замок Бојнице

Денешната Словачка Република станала независна на 1 јануари 1993 година со распад на Чехословачка. Денес таа претставува високо развиена земја со силна економија, една од најрастечките во ЕУ по нејзиното приклучување во 2004 година.

06

Стара Братислава

Словачка денес има население од околу пет милиони жители, додека нејзината територија била населена уште за време на палеолитот. Териториите на денешна Словачка, во 5 век биле населени од страна на словените која својот Златен век, го доживеала во времето на кнезот Ростислав I.
Словачка по својот релјеф е планинска земја, каде доминираат планински венци на Западните Карпати како дел од алпско-х ималаите систем и кои се протегаат на северниот дел од државата. Како дел од тие планини е и планината Татра. Највисока точка на Словачка е Герлаховски Штит со висина од 2.655 метри на највисока планина Кривањ.

07

Герлаховски Штит

08

Високи Татри

Со претежно континентална клима, нејзини најголеми реки се: Дунав, Вах и Хрон. Тиса со својот тек низ Словачка во должина од 5 км, ја обележува словачко-унгарската граница.

09

Меандри на река Фатра

10

Национален парк „Словачки рај“

Словачка е парламентарна демократска република со повеќепартиски систем на владеење. Највисоко законодавно тело на Словачка е Националниот Совет на Словачката Република со 150 пратенички места. Пратениците се избираат за мандат од четири години. Највисок суд во Словачка е Уставниот суд на Словачка.
Во историјата Словаците се именувани како „планински луѓе“, кои за прв пат како нација се спомнуваат во 19 век. Поголемиот дел од населението на Словачка се етнички Словаци кои сочинуваат околу 85.8%, потоа Унгарците, како и Роми, Украинци и други. Официјален јазик во Словачка е словачкиот јазик. По својата вероисповед, населението на Словачка е католичко.

11

Словачки фолклор

Во Словачка, задолжително е основно образование за деца од 6-15 годишна возраст. Неписменоста на населението е околу 0,6% од населението над 15 годишна возраст. Постојат државата, црковни и приватни училишта. Наставата покрај на словачки, исто така се изведува и на јазиците на повеќе етнички малцинства. Сите нивоа на образование, вклучувајќи го и високото, се бесплатни. Во Словачка, постојат неколку десетици колеџи и универзитети. Меѓу најдобрите универзитети и колеџи во рамките на регионот на Источна Европа, во Словачка се: Универзитетот во Братислава, Техничкиот универзитет во Кошице, Техничкиот универзитет во Братислава, Универзитетот за земјоделство и други.

12

Универзитетот во Братислава

13

Универзитетот во Кошице

 

http://www.ezilon.com/maps/europe/slovakia-physical-maps.html 

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Slovakia_topo.jpg

https://www.translata.eu/other/translation-and-interpreting-in-bratislava

https://www.translata.eu/other/translation-and-interpreting-in-bratislava

https://www.pinterest.com/pin/513903007453855801/

https://www.visitbratislava.com/whats-on/sightseeing/

https://imgur.com/p78E9vy

http://www.traveltipy.com/tour-krivan-one-famous-peaks-slovakia/tour_to_krivan_high_tatras_mountains_slovakia10/

http://maxpixel.freegreatpicture.com/River-Fatra-Weighing-Scales-Slovakia-Meander-1800029

http://slovakia.travel/en/national-park-of-slovensky-raj#prettyPhoto

https://slovake.eu/en/intro/slovakia/culture

https://globalminers.mst.edu/index.cfm?FuseAction=programs.ViewProgram&Program_ID=25782

http://europe-studies.com/university-of-veterinary-medicine-in-kosice-slovakia/

 

Автор:

Анета Чаковска