Република Унгарија е држава која се наоѓа во Средна Европа, во средишниот дел на Панонската Низина. Вкупната територија која ја зафаќа изнесува 93.030 км². Исто така Унгарија е земја членка на Европската Унија, НАТО, ООН, ОЕСР, Светската трговска организација, Вишеградската група и други.

Се граничи со Романија и Украина на исток, Словачка на север, Австрија и Словенија на запад и со Хрватска и Србија на југ.

01

Политичка карта на Унгарија

Главен град на државата е Будимпешта, а други поголеми градови се: Дебрецин, Мишколц, Сегед, Печ, Ѓер и др.

02

Будимпешта

Историски гледано почетоците на Унгарија се поврзани со трајното доселување на Унгарците во Панонската низина околу IX век. Овој стар номадски народ припаѓа на угро-финската јазична група, а за прв цар бил прогласен Стефан I во 1000 г. Во понатамошната историја Унгарија западнала под сопственост на Турската империја, па била дел од Хабсбуршката монархија за да заврши како партиципиент на Австроунгарија.
После распадот на Австроунгарија, денешната Република Унгарија својата независност ја постигнува на 18 октомври 1989 година. Од тогаш па наваму Унгарија цврсто го трасира својот пат кон просперитетот, напредокот и успехот така што денес претставува високо развиена земја со силна брзорастечка економија следејќи ги светските достигнувања.
Унгарија денес има население од околу десет милиони жители и речиси хомогена етничка структура т.е. 98% од населението се Унгарци, а од останатите живеат Синти, Роми, Германци, Хрвати и други. Околу 80% од населението се изјасниле како верници, а најмногу доминираат католиците и протестантите. Неписменоста е помалку од 1%. Како и во останатите развиени европски држави и Унгарија го следи трендот за негативен природен прираст и висок процент на старо население.

03

Унгарски фолклор

Релјефот во Унгарија е главно низински. Унгарија има ниски планини како дел од Алпите на запад на југ допира до Динарските Планини и највисокиот планински дел се наоѓа во северна Унгарија на словачката граница, а тоа се благи ограноци од Карпатите. Во овој дел меѓу реките Дунав и Тиса се наоѓа највисокaта планина Матра со врвот Кекеш (1015 м.н.в.).

05

Рамничарски релјеф во Унгарија

Има претежно континентална клима со топли лета и студени зими. Карактеристична гледка се унгарските степи – пустини. Најголема река е Дунав, кој тече покрај границата со Словачка и ја сече државата на средина од север кон југ. Негова најголема лева притока е Тиса, а на десната страна Раба и Драва.

Едно од најголемите езера во Средна Европа се наоѓа токму во Унгарија во нејзиниот западен дел, а тоа е езерото Балатон (Калливо Езеро). Зафаќа површина од 591 км² со просечна длабочина од 3 метри. Нуди одлични можности за развој на туризмот.

04

Езеро Балатон

Унгарија е парламентарна демократска република со повеќепартиски систем на владеење. Избирачко право имаат сите граѓани над 18 год. Еднодомното Народно собрание има 376 пратеници. Пратениците се избираат за мандат од четири години, додека Претседателот се избира од парламентот на пет години и тој има ограничени овластувања.
Службен јазик е унгарскиот, а парична валута форинта.

http://www.freeworldmaps.net/europe/central/physical.html

http://www.nationsonline.org/oneworld/map/hungary-political-map.htm

https://commons.wikimedia.org/wiki/File

http://www.budapestfolk.com/

http://www.bbc.com/travel/story/20140731-welcome-to-europes-cowboy-country

http://thehungarianguide.co.uk/lake-balaton/

 

Автор: Весна Томовска