Почитувани ученици и ментори, Ве известуваме дека државниот натправар по географија за учениците од oсновните училишта во учебната 2023/2024 година, ќе се одржи на 18.05.2024 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Универзитетот Скопје.

На 16.03.2024 година се одржаа регионалните натпревари по географија за ученици од Основното Училишта.

На натпревари учествуваа ученици од VII, VIII и IX одделение распоредени во 21 регион.

На 16.03.2024 година се одржаа регионалните натпревари по географија за ученици од VII, VIII и IX одделение.

На натпревари учествуваа околу 350 ученика од VII, VIII и IX одделение распоредени во о 21 регион. Тие и оваа година своите географски знаења ги покажаа преку тестовите на знаење согласно наставните програми по географија.

Почитувани ученици и ментори,
Ве известуваме дека Регионалните натпревари по географија за учениците од сите одделенија ќе се одржат на 16.03.2024 година со почеток во 12:30 часот.
Поместување на саатницата за почеток на натпреварите е на барање на повеќе ментори и совпаѓањето со натпреварот по англиски јазик. Во интерес на учениците кои ќе учествуваат и на други натпревари, сите ученици (од сите региони) ќе бидат прифатени во Скопје со цел нивно навремено вклучување на регионалните натпревари.
Ве известуваме дека оваа година реализацијата на регионалните натпреварите ќе се одвива со физичко присуство кое ќе биде реализирано според предвидената динамика и во место определено од организаторот (во прилог).
Натпреварите ќе се одвиваат според приложените напатствија и Пропозиции, а истите се објавени на официјалната страна на Здружението (https://www.geograf.mk).

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО МЕНТОРИ
МЕСТО НА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

На 17.02.2024 година се одржаа општинските натпревари по географија за ученици од VII, VIII и IX одделение.

На општинските натпревари учествуваа околу 800 ученици кои оваа година своите знаења ги покажаа преку апликацијата Google Meet.

На регионален натпревар право на учествуваат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветната општина и сите кои имаат освоено 85 и над 85 бода на натпреварот.
Доколку од општината нема ученик со над 85 бода, првопласираниот (еден) од соодветната општина, се приклучува кон учениците кои се пласирани за регионалниот натпревар, но не помалку од 65% од максимално предвидените бодови на општинскиот натпревар.
Право на директно учество на регионален натпревар имаат и Општини со помалку од 3 (три) училишта.

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ