На 11-ти февруари 2017 година, се одржа првиот свечен академски час на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, за студентите запишани на втор циклус студии во академската 2016/2017 година.

Со свечениот час започна академската година и за нашите членови, кои се стекнаа со стипендија за продолжување на своето образование на магистерски студии и стекнување на нови знаења, вештини и компетенции на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, во континуитет го стимулира и понатаму ќе го помага образование и професионалниот развој на своите членови.
Им посакуваме успех во студиите!

01  02  

03  04  

05  06  

08  09