Претставници на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, при посетата на своите членови во Битола, на 4.03.2017 година оствари средба со членовите на најактивното регионално географско друштво „ГЕОСФЕРА“ – Битола.

Притоа, беа споделени искуства со заедничка цел, афирмација на географијата како наставен предмет и подобрување на општестествениот статусот на наставникот. Резултатите кое ова друштво ги постигнува со своите активности, заслужува респект и претставува добар пример на кој начин треба да се афирмира географијата, но и начин на сплотување на своите членови за меѓусебна помош и соработка,. Најголем дел од членовите на регионално географско друштво „ГЕОСФЕРА“ – Битола, во исто време се и членови на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, што е уште еден показател за препознатливоста на нашата мисијата.

01  02