Вулканот Етна повеќепати во минатото покажал способност и сила да исфрла огромна количина на вулкански камења и лава, а таа своја огромна сила на многу спектакуларен начин ја докажува и денес. После еден мирен период, трет пат во последните три недели, Етна со силни експлозии еруптираше, исфрлајќи лава на околу 300 метри во висина.

Најголемата ерупција во последните 1 000 години се случи во 1669 година, а била проследена и со силни земјотреси. Последната голема ерупција на вулканот е забележана во 1992 година, но исто толку застрашувачки биле и ерупција кои се случиле во 1928, 1949, 1971, 1983, 2004 година, како и во 2011 и 2012 година.
Вулканот Етна најверојатно е формиран пред околу 500 000 години, со ерупција под морето во близина на античкиот брег на Сицилија. Од тогаш до денес, не стивнува, а со својата сила да исфрла камења големи како киклопските карпи, постојано нè потсетува на моќта на природата. Пред околу 35 000 години, Етна исфрлила голема количини лава и пепел, а остатоци можат да се најдат дури и на далечина од 800 километри.
Најпознат истражувач на планината Етна е вулканологот д-р Ромоло Романо, кој посветил повеќе студии на овој феномен. Во 1979 година објавил геолошка карта, со што станал еден од основоположниците на вулканологијата на планината Етна.
Етна, покрај својата застрашувачка моќ, во исто време претставува една од главните туристички атракции на Сицилија.

http://www.ct.ingv.it/en/

MOUNT ETNA VOLCANO, SICILY

2017 03 21 104923  2017 03 21 105016