Почитувани членови,

Ве повикуваме да поднесете апликација за добивање на награда за освоено место на државни натпревари по географија, кои имаат истражувачки карактер.

Право на апликација имаат сите ментори кои се членови на Здружението на професори по географија на Македонија „Проф. Д-р Љубе Миленковски“ – Скопје, кои учествувале на државен натпревар со доказ (диплома) за освоено место, согласно поставените критериуми кои се содржани во Одлуката.
Одлуката е донесена како поттик на професорите за учество на натпревари по географија, кои покрај знаења, имаат за цел развивање на истражувачки и презентерските вештинии кај учениците.
Преку стимулирање на ваквите активности, покрај директното учество во подготовка на учениците, се истакнува улогата на професорите по географија во развивање на љубов кај учениците кон географијата како наставен предмет, но и како наука.

Во прилог доставуваме

                 О Д Л У К А 

за доделување награди 

 

Здружението на професори по географија на Македонија
             „ПРОФ: Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје
                                   Претседател,
                           М-р Јулијана Петровска