Величествен собир на големо семејство на луѓе кои ја сакаат географијата и луѓе кои се почитуваат себеси, своите колеги и својата професија

Со зборовите на м-р Јулијана Петровска: „денот кога се празнува природата, будувањето на вегетацијата и на животот воопшто, за географите е посебен ден“, започна со работа 5-тата Седница на Собранитето на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје.

Со масовно присуство на членовите и вљубениците во географијата, во преполниот амфитеатар на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, се одржа 5-тата Седница на Собранитето, со што уште еднаш, преку агендата која беше поставена, се потврди јасно зацртаниот пат по кој треба и се движи едно од најголемите и најактивните здруженија кои делуваат на територијта на Република Македонија, Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје.
Пред повеќе од 150 присутни м-р Јулијана Петровска, претседател на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, со поздравен говор ѝм се обрати и истакна дека е создадено големо семејство на луѓе кои не само што ја сакаат географијата, туку семејство на луѓе кои се почитуваат себеси, своите колеги и својата професија. Како што напомена таа, ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје, денес претставува столб на обединување затоа што се имаше визија, енергија и желба да се оствари еден долгоочекуван сон и потреба на секој географ. Од ден на ден, со сите активности и присутност во јавноста, се докажува дека мисијата на Здружението со својот општествено одговорен, организиран и посветен пристап, константно го зајакнува својот и угледот на професорите по географија во целокупното образовно и културно живеење на државата.
Мотивот, енергијата и посветеност се синоним за Здружението, за кое се залагаше нашиот патрон проф. д-р Љубе Миленковски.

01

Поздравен говор на претседателот на ЗПГМ „Проф. д-р Љубе Миленковски“ - Скопје, м-р Јулијана Петровска

По поздравниот говор, покрај усвојувањето на Извештајот и Програмата за работа во наредниот периот, на присутните ѝм се обратија истакнати универзитетски професори, еминентни стручњаци од облста и претставници на дипломатскиот кор.
Посебен белег на Собранието му даде предавањето на Н.Е. Д-р Ласло Иштван Дукс, Амбасадор на Унгарија во Република Македонија, на тема: „Светското културно наследство на UNESKO во Унгарија“, по што следуваше негово прогласување за почесен член на здружението.

02

Предавање од страна на Н.Е. Д-р Ласло Иштван Дукс, Амбасадор на Унгарија во Република Македонија

03

Прогласување на Н.Е. Д-р Ласло Иштван Дукс за почесен член на ЗПГМ „Проф. д-р Љубе Миленковски“ - Скопје

Иако без обраќање, со своето присуство, максимална подршка и придонес во работата на Собранието даде и г-дин Мартин Безак, Амбасадор на Словачка во Република Македонија и воедно, почесен член на нашето Здружение.
За дидактичко-методски насоки за организирање на наставата по географија, на седницата говореше г-дин Ивица Гиевски, советник во БРО на Република Македонија. Првиот географ во државата истакна дека професионалниот развој на наставниците не прекинува со завршување на образованието, туку постојано треба да се надградува преку следење на современите практики и образовни процеси.

04

Обраќање на г-дин Ивица Гиевски, советник во БРО на Република Македонија

На тоа, со позитивна критика се надоврза и проф. д-р Зоран Ивановиќ, професор на Факултетот за менаџмент во туризам и угостителство во Опатија и PROFESSOR HONORIS CAUSA на УТМС.

07

Обраќање на проф. д-р Зоран Ивановиќ, професор на Факултетот за менаџмент во туризам и угостителство во Опатија и PROFESSOR HONORIS CAUSA на УТМС

На тема: Образование за одржлив развој, свој осврт имаше доц. д-р Благица Новковска, која предизвика интерес кај присутните кои имаа можност да се запознаат со значењето на одржливиот развој преку компаративна анализа на земјите во Европа.
Со почит кон своите колеги, посветеност и љубовта кон географијата и модерните трендови во образованието, свое обраќање имаше и проф. д-р Аце Миленковски, Ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

06

Обраќање на проф. д-р Аце Миленковски, ректор на УТМС

Посебно емотивен и мошне впечатлив момент беше делот на седницата, кога, за подадената рака, во име на стипендистите на УТМС и во знак на благодарност говореше г-ѓа Слаѓана Трпковска, професор во СУГС „Лазар Танев“ во Скопје.

Дневната агенда за овој ден, после пригодниот коктел, продолжи со еднодневен семинар тема: „Планирање и примена на ИКТ во наставата по географија во функција на формативното оценување на учениците“, на кој главна цел беше усвојувањето на нови знаења, размената на искуства и имплементирање на позитивни практики препознатливи во развиените земји во Европа и светот, што впрочем е примарна задача на нашето делување. 

11

12

Семинар на тема: „Планирање и примена на ИКТ во наставата по географија во функција на формативното оценување на учениците

За успешно реализирање на семинарот, максимален придонес дадоа советникот по географија, г-дин Ивица Гиевски, г-ѓа Лилјана Војнеска, професор во СУСГ „Георги Димитров“ во Скопје и секако беспрекорната работилница која беше спровесена од страна на м-р Мите Ристов, професор по географија во Гимназија „Јосип Броз-Тито“- Битола и Даниела Ристова, професор по географија во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола.
Со доделувањето на сертификатите заврши овој мошне напорен, но креативен и успешно поминат ден на членовите на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје.

09

10

Анкетата која беше спроведена помеѓу учесниците покажа дека ова беше навистина успешен и уникатн начин за крај на еден исполнет ден за секој географ.

View the embedded image gallery online at:
https://www.geograf.mk/novosti/904-5#sigProId119dd21011