Меѓусебната почит и доверба, како основни принципи на сите наши активности.

Согласно програмата за работа и воспоствената пракса за реализирање на состаноци надвор од просториите на здружението, раководството на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, на 04.11.2017 година, во Битола, оствари средба со своите членови од повеќе градови во државата.
Покрај работниот состанок, беа одржани: еднодневен семинар на тема: „Користење на едукативниот портал ЕДУ-АРКТИК во наставата по географија“,едукативно предавање на тема: „ПМ честички во воздухот – континуиран убиец на сите нас“ во контекст на реализираниот практичен час од страна на м-р Мите Ристов, професор по географија во СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола.
На средбата беше потпишан Договор за соработка помеѓу ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје и Регионалното географско друштво Геосфера од Битола.
Како дел од целоднвните активности, учесниците ги посетија културно-историските споменици во Битола каде беше организиран и заеднички ручек.