Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, го прогласи колегата Дејан Немчиќ, професор по географија од Република Хрватска, за почесен член.
Доказ дека географијата не познава граници се работата и делото на колегата Дејан Немчиќ од Хрватска.

На 5-тата Седница на Собранието, одржана на 6.05.2017 година, по предходно спроведена процедура, Н.Е. д-р Ласло Иштван Дукс, Амбасадор на Унгарија во Република Македонија, беше прогласен почесен член на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје.

Почесен член на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје