Почесен член на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје

Н.Е. г-дин Мартин Безак, Амбасадор на Република Словачка во Република Македонија
Поаѓајќи од сознанијата за неговата несебична поддршка и помош, која секојдневно ја упатува на поединци или група граѓани, здруженија и установи, Извршниот Одбор, на седницата одржана на ден 17.06.2015 година, донесе одлука за прогласување на почесен член на Здружението, на г-дин Мартин Безак, Амбасадор на Република Словачка во Република Македонија.
При носење на одлуката, исто така, појдовна точка беше и наобразбата на Н. Е. г-дин Мартин Безак, професор по географија.
Свеченото прогласување за почесен член на Н.Е. г-дин Мартин Безак, беше на денот на 4-тата Седница на Собранието на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје, по предходно спроведена процедура.
По тој повод, Н.Е. г-дин Мартин Безак, на 23 Април 2016 имаше свое обраќање до членовите на Собранието.