На 5-тата Седница на Собранието, одржана на 6.05.2017 година, по предходно спроведена процедура, Н.Е. д-р Ласло Иштван Дукс, Амбасадор на Унгарија во Република Македонија, беше прогласен почесен член на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје.

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, со доделувањето на почесното членство, ја реализира својата мисија во ширењето на геограската мисла и пријателства кои не познаваат граници.
По тој повод, на тема: „Светското културно наследство на UNESKO во Унгарија, Н.Е. Д-р Ласло Иштван Дукс, ѝм се обрати на присутните на Собранието, како и подршка и ветување за идна соработка.