Почитувани колеги,
Ве известуваме дека Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, активно работи на подготовките за реализирање на натпреварите по географија за ученици од основното образование.
И оваа година натпреварите ќе се реализираат за VI, VII, VIII и IX одделение согласно наставниот план и наставната програма по географија.
Согласно календарот, циклусот на натпревари се состои од:
Општински натправари: 28.02.2026 годинасо почеток во 10:00 часот
Регионални натпревари: 21.03.2026 годинасо почеток во 10:00 часот
Државен натпревар: 13.05.2026 година со почеток во 10:00 часот
Теми и материјаили за подготовка на општинските натпревари:
VI одделение: Ориентација во географскиот простор– Учебник по Историја и општество модул Географија за 6 одделение од авторите: Воислав Саракиновски, Стефан Пановски, Ванчо Ѓорѓиев,Ивица Гиевски, Коле Павлов и Пеце Трифуновски, во издаваштво на МОН
VII одделение: Географија на Европа (Природно-географски карактеристики на Европа, Социо-географски карактеристики на Европа, Географски преглед на регионот Јужна Европа – Географија за 7 одделение за основно образование од авторот проф. д-р Благоја Марковски, издадено во 2025 година од издавачот Тримакс – Скопје.
VIII одделение: Природно-географски на Европа, Социо-географски карактеристики на Европа и Географски преглед на Јужна Европа - Географија за 8 одделение за основно образование од авторите Коле Павлов, Ѓорѓи Павловски, издадено во 2020 година од МОН.
IX одделение: Природно-географски и социо-географски карактеристики на Азија - Географија за 9 одделение за основно образование од авторите д-р Коле Павлов проф. д-р Ѓорѓи Павловски, издадено во 2022 година од МОН.
Теми и материјаили за подготовка на регионалните натпревари:
VI одделение: Ориентација во географскиот простор, Географска положба и Регионалеб преглед – Учебник по Историја и општество модул Географија за 6 одделение од авторите: Воислав Саракиновски,Стефан Пановски,Ванчо Ѓорѓиев, Ивица Гиевски, Коле Павлов и Пеце Трифуновски, во издаваштво на МОН
VII одделение: Географија на Европа – Географија за 7 одделение за основно образование од авторот проф. д-р Благоја Марковски, издадено во 2025 година од издавачот Тримакс – Скопје.
VIII одделение: Природно-географски и социо-географски карактеристики на Европа, Географски преглед на Јужна, Западна и Северна Европа - Географија за 8 одделение за основно образование од авторите Коле Павлов, Ѓорѓи Павловски, издадено во 2020 година од МОН.
IX одделение: Природно-географски и социо-географски карактеристики на Азија, Африка и Америка - Географија за 9 одделение за основно образование од авторите д-р
Коле Павлов проф. д-р Ѓорѓи Павловски, издадено во 2022 година од МОН.
Теми и материјаили за подготовка на државниот натпревар:
VI одделение: Ориентација во географскиот простор, Географија на Медитеранските земји – Учебник по Историја и општество, модул Географија за 6
одделение од авторите: Воислав Саракиновски,Стефан Пановски,Ванчо Ѓорѓиев, Ивица Гиевски, Коле Павлов и Пеце Трифуновски, во издаваштво на МОН
VII одделение: Географија на Европа и Азија– Географија за 7 одделение за основно образование од авторот проф. д-р Благоја Марковски, издадено во 2025 година од издавачот Тримакс – Скопје.
VIII одделение: Природно-географски и социо-географски карактеристики на Европа, Географски преглед на Јужна, Западна, Северна, Средна и Источна Европа - Географија за 8 одделение за основно образование од авторите Коле Павлов, Ѓорѓи Павловски, издадено во 2020 година од МОН.
IX одделение: Природно-географски и социо-географски карактеристики на Азија, Африка и Америка, Австралија со Океанија и Поларни области- Географија за 9 одделение за основно образование од авторите д-р Коле Павлов проф. д-р Ѓорѓи Павловски, издадено во 2022 година од МОН.
На натпреварите можат да учествуваат сите ученици од основните училишта во државата, пријавени преку своите ментори и училишта. Тестовите за учесниците ќе бидат на јазикот на кој се изведува наставата во училиштето.
На општинските натпревари, едно Основно училиште може да учествува со најмногу 3 (три) ученици од секое одделение, односно најмногу 3 (три) ученици од VI, 3 (три) ученици од VII, 3 (три) ученици од VIII и 3 (три) ученици од IX одделение.
Пријавените учениците за одредена категорија на натпревари (VI, VII, VIII и IX одделение) треба да бидат избрани на училишен натпревар од одделението/генерацијата на која и припаѓаат.
Пријавувањето на учениците се врши со пополнување образец во електронската форма достапна на официјалната страна на Здружението (https://www.zpgm.mk/prijava-za-natprevar-pogeografija 2026(https://www.zpgm.mk/prijava-za-natprevar-pogeografija 2026), најдоцна до 18.02.2026 година.
За пријавување и учество на натпреварите не се предвидени никакви трошоци од страна на учесниците, односно без котизација или било кој вид на чланарина од страна
на учениците или менторите.
Дополнителни информации околу програмата и пропозициите ќе бидат објавени на официјалната страна на Здружението.
ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

