- Детали
- Посети: 87
Членови на Здружението на професори по географија на Македонија (ЗПГМ) учествуваа на меѓународниот научен конгрес ICON BEST 2026, каде имаа можност да проследат современи научни излагања и да разменат искуства со учесници од различни институции и држави. Учеството претставува значајна можност за стручно усовршување, воспоставување нови контакти и развивање на соработката, како и за следење на современите трендови во образованието, науката, дигитализацијата и другите сродни области.
- Детали
- Посети: 295
Со есенската рамноденица започнува астрономската есен во Северната полутопка. Во 2026 година овој астрономски момент настапува на 23 септември во 02:05 часот по локално време во Скопје. Тогаш центарот на сончевиот диск го преминува небесниот екватор, движејќи се од Северната кон Јужната небесна полутопка.
Со истиот астрономски момент во Јужната полутопка започнува пролетта.
- Детали
- Посети: 1743
На 27 мај 2026 година, во просториите на Универзитет Скопје, со почеток во 14:00 часот, се одржа свеченото доделување награди, дипломи и признанија за учениците и менторите кои постигнаа најдобри резултати на Државниот натпревар по географија за учебната 2025/2026 година, организиран од Здружение на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски“.
- Детали
- Посети: 1730
Здружението на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски“ ја известува јавноста дека свеченото доделување награди, дипломи и признанија за учениците и менторите на државниот натпревар по географија за учебната 2025/2026 година ќе се реализира на Универзитетот Скопје, 27 мај 2026 година со почеток во 14:00. Настанот претставува свечена завршница на натпреварувачките активности организирани од Здружението, во рамки на кои ученици од основното и средното образование од целата држава ги покажаа своите знаења, аналитички способности и интерес за географската наука. На свеченоста ќе бидат доделени дипломи, пофалници и награди за најуспешните ученици, како и признанија за наставниците ментори кои со својата посветеност придонесуваат за развојот на образованието и поттикнувањето млади таленти. Здружението упатува благодарност до сите учесници, ментори, членови на комисиите и институции што дадоа придонес во организацијата и реализацијата на натпреварот, како и до УТМС Институтот за национална географија за поддршката и соработката во реализацијата на овој значаен образовен настан.
- Детали
- Посети: 1472
На 13.05.2026 година, во просториите на Универзитетот Скопје, успешно се одржа државниот натпревар по географија за учениците од основните училишта во учебната 2025/2026 година, во организација на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, со поддршка од УТМС Институт за национална географија.
На натпреварот учествуваа ученици од повеќе основни училишта од целата држава, кои преку своето знаење, аналитичко размислување и посветеност покажаа висок интерес за географската наука. Натпреварувањето се реализираше согласно предвидената програма и во атмосфера исполнета со академски дух, дисциплина и натпреварувачка мотивираност.
По свеченото отворање и распределбата на учесниците во просториите за тестирање, натпреварувачкиот дел започна во 10:00 часот и траеше до 11:00 часот. Тестовите опфатија содржини од повеќе области на географијата, со задачи насочени кон проверка на теоретските знаења, картографската писменост, логичкото поврзување и географската анализа.
Во текот на целиот натпревар беше обезбедено организирано и непречено спроведување на активностите, со ангажман на менторите и комисиите за прегледување на тестовите. По завршувањето на натпреварот беше извршена обработка на резултатите, по што следуваше објавување на неофицијалната ранг листа.
Рангирањето на натпреварувачите се врши според постигнатите резултати, од највисок кон најнизок број поени.
Доколку двајца или повеќе натпреварувачи имаат ист број поени, предност има натпреварувачот со поголем број поени освоени на сите нивоа на натпревари.
Секој натпреварувач има право на приговор во однос на резултатите од натпреварот и начинот на вреднување на тестот. Приговорот се поднесува во писмена форма во рок од 90 минути по објавувањето на неофицијалната ранг листа.
Резултатите од натпреварот ги разгледува и потврдува Државната комисија, по што се објавува конечната ранг листа. Одлуката на Државната комисија е конечна.
Право на награди и дипломи стекнуваат натпреварувачите кои оствариле највисоки резултати согласно пропозициите и Правилникот за натпревари.
ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ШЕТО ОДДЕЛЕНИЕ
ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

