Органи на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје се:
СОБРАНИЕ
Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно. Седницата на Собранието ја свикува Претседателот на Собранието. Членовите на здружението во собранието можат да бидат претставени преку свои делегати со полномошно.Начинот на свикување на седницата на Собранието на здружението се определува со Деловник за работа на Собранието.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ
Доц. д-р Дејан Наковски М-р Станка Арнаутова Борис Василевски
СЕКРЕТАР
ИЗВРШЕН ОДБОР
Доц. д-р Дејан Наковски М-р Станка Арнаутова Борис Ваислевски
Невенка Стоева Бурим Алиу Даниела Ристова
Цвета Ѓоргиевска Сузана Николиќ Катарина Марковска
Извршниот одбор на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје:
- ги подготвува седниците на собранието;
- го подготвува нацртот на статутот и другите одлуки што треба да ги донесе Собранието;
- донесува и реализира годишна програма за работа;
- може да формира стручна служба и да врши контрола врз нејзината работа;
- управува и одговара за управувањето со имотот на здружението;
- подготвува годишен или периодичен извештај за својата работа;
- ги спроведува Статутарните и програмски задачи на здружението;
- ги спроведува одлуките и заклучоците на Собранието;
- свикува седници на Собранието и подготвува материјал;
- донесува одлука за формирање на постојани и повремени комиси и ја насочува ниваната работа;
- донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува договори;
- организира и активно учествува во организирање на разни акции и манифестации;
- донесува одлука за награди и пофалници;
- донесува одлуки за приговори и жалби;
- врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот.
НАДЗОРЕН ОДБОР
Сашко Стефановски Анета Чаковска Делче Максимовски
Надзорниот одбор врши надзор и контрола над спороведувањето на одредбите од овој Статут и контрола за наменско располагање со средствата и приходите на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје.
Надзорниот одбор го сочинуваат 3 члена, со мандат од 4 години, со можност за повторен избор. Членовите на надзорниот одбор се избираат од редот на членовите на Собранието.