Извршниот одбор на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје, согласно одлуката на Ректорската управа на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, со број 02-314/1 од 16.11.2016 година, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за аплицирање за стипендии на членовите на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје, за запишување на втор циклус студии на Универзитетот за туризам и менаџмнет во Скопје,
за академска 2016/2017 година

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје, додели 10 стипендии за запишување на членовите на Здружението на втор циклус студии на сите факултети во рамки на Универзитетот, во академската 2016/2017 година.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
Право на стипендија имаат сите членовите на здружението кои ги исполнуваат критериумите за доделување на стипендиите:
- Да ги исполнуваат условите на Конкурсот на Универзитетот за туризам и менаџмнет во Скопје за запишување на втор циклус на студии, согласно позитивните законски прописи на Република Македонија,
- Да се активни членови на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“-Скопје,
- Да не се корисници на стипендии од други установи, институции или компании за студиската година,
- Да имаат свој придонес во афирмација на здружението.

II. НАЧИН, МЕСТО И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Членовите на Здружението треба да пополнат пријава поставена на интернет порталот на здружението, заклучно со 05.12.2016 година.
По електронското пријавување, кандидатите да ги комплетираат потребни документи согласно стипендијата за која аплицираат и да ги достават во седиштето на Здружението, заклучно со 12.12.2016 година.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Членовите на здружението кои електронски ќе се пријават по конкурсот, потребно е до 12.12.2016 година, да ги донесат следните документи:
1. Членска карта од здружението,
2. Потврда за активност (се добива во седиштето на здружението),
3. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија,
4. Потребни документи објавени на Веб порталот на УТМС за запишување на втор виклус на студии на УТМС:
  - Диплома за завршен прв циклус на студии,
  - Уверение за положени испити од прв циклус на студии,
  - Уверение за државанство,
  - Извод од матична книга на родените,
  - 2 Фотографии

IV. КАНДИДАТИТЕ НЕМА ДА БИДАТ РАНГИРАНИ АКО:
- Доставената документација е некомплетна и ненавремено доставена.
- Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

V. ОБЈАВА НА РЕЗУЛТАТИТЕ
Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на 19.12.2016 година на интернет порталот на Здружението.

 

*Начин на аплцирање:

1. Потребно е да влезете во табот Стипендии/Апликација за стипендија (http://www.geograf.mk/stipendii/aplikacija-za-stipendija),

2. Да ја превземете апликацијата,

3. Да ја пополните, и

4. Да ја испратите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.