Резиме: Времето и климата отсекогаш биле значаен елемент на човековата средина и во зависност од својата особеност, во поголем или помал обем, влијаеле врз целокупната активносг на човекот, во неговиот секојдневен живот. Интересот за времето, временските услови, датира од самиот почеток на човештвото. Грмотевиците, дождовите, поплавите, сушите и други ириродни појави предизвикувале интерес кај човекот. Едно од најстарите искуства на човекот е сознанието за постојаната променливост на времето: студено, топло, суво, врнежливо, ветровито, итн. Тие промени можат да бидат толку брзи што во еден ден времето може да се промени неколку пати.

Полог преставува котлина која се наоѓа помеѓу Шар Планина, Буковиќ, Сува Гора и Жеден. Вкупната површина на Полошкиот регион изнесува 1.475 км/2 и се наоѓа на надморска височина помеѓу 300 и 2.747 км2. Полошката котлина се протега во правец североисток југозапад, а се дели на Горен Полог (околу 718 км/2- 45%) и Долен Полог (околу 855 км/2 -55%).

Националниот парк Пелистер преставува подрачје кое располага со исклучителни природни вредности и затоа паркот има големо национално значење. Меѓутоа скоро сите национални паркови во светот имаат многу поголемо значење од националното т.е преставуваат простори кои во зависност од својата функција го предизвикуваат интересот на поситителите од целиот свет.

Резиме: Република Македонија е ризница на многу истражени. но и неистражени природни реткости и културно-историски споменици од антиката до денес. Нејзината територија изобилува со природна убавина изразена преку бројни планини, котлини, полиња, клисури, пештери, како и извори, реки, водопади, езера.

Веројатно, ако направиме една анкета помеѓу граѓаните во Куманово на прашање: „Дали знаете каде се наоѓа Живкова карпа во Куманово?“, во најголем дел, скоро сите без размислување ке одговорат дека Живкова карпа се наоѓа во атарот на селото Проевце во близина на Проевска бања, а некои би одговориле и во близина на поранешниот хотел Куба и Градскиот базен. Дури и ако прогугламе на гугл, резултатите ќе ни ја дадат споменатата локација. Но, дали стварно Живкова карпа се наоѓа таму каде што најголемиот дел од граѓаните мислат – во атарот на селото Проевце? За да ја корегираме таа грешка и недоразбирање треба да видиме што пишува во литературата за Кумановскиот крај. За да го разрешиме тоа недоразбирање кое се пренесува од генерации на генерации, треба да ги пролистаме старите записи за Кумановскиот крај објавени уште пред 110 години.