Согласно програмата за работа на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, на ден 15.02.2017 година беше одржан работен состанок на Извршниот Одбор во проширен состав.

На состанокот беа разгледувани прашања поврзани со степнот на реализација на годишната програма и остварување на програмските цели на здружението. И на овој начин, на транспарентен, организиран и посветен пристап, Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, како најголемо здружение на професори во државата, продолжува со своите активности кои имаат за цел зајакнување на угледот и влијанието на професорите по географија во целокупното образовно и културно живеење во Република Македонија.

 

01   02

03   04

05   06