Почитувани колеги,

Ве известуваме дека во подготовка е програмата за традиционалниот тридневен теренски практикум. Согласно годишната програмата за работа Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, секоја година, во месец јули, организира повеќедневен наставно-научен теренски практикум во соработка со УТМС.

Оваа година се предвидува посета на географски објекти и културно историски споменици во соседните држави Грција и Бугарија.
Програмата и сите потребни информации, дополнително ќе бидат објавени на нашата официјална страна.
Поради квалитетно и навремено организирање на сите активности поврзани со екскурзијта, ги молиме сите заинтересираните колеги да го резервираат своето учество најдоцна до 25.06.2017 година, кај координаторите или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Со почит,

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
М-р Јулијана Петровска

IMG 20150706 132355 10422573 544506225699116 3669375908977004641 n 13590341 1201596823198602 5084900288222342069 n DSC 3369 DSC 3466 DSC 3592 DSC 6201 DSC 6347 DSC 6307 DSC 6256 DSC 6253 DSC 6227 DSC 3674 DSC 3627