Согласно програмата за работа и воспоствената пракса за реализирање на состаноци надвор од просториите на здружението, раководството на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, на 04.11.2017 година, ќе оствари средба со членовите од Битолскиот и Демир Хисарскиот регион.

Во рамки на оваа активност, организиран е еднодневниот теренски практикум во Битолскиот и Демир Хисарскиот регион со вклучена посета на отворен час и семинар/работилница за професионален развој и стручно усовршување, на тема: „Користење на едукативниот портал ЕДУ-АРКТИК во професионалното усовршување на наставниците и во наставата и воннаставните активности по предметот географија“.
Воведно излагање на семинарот ќе има претседателот на здружението, м-р Јулијана Петровска.
За квалитетно организирање на активностите, сите зинтересираните колеги да да го потврдат своето учество најдоцна до 01.11.2017 година, на тел.: 389 072 25 41 96 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 

П Р О Г Р А М А
на активности на членовите на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје (4.11.2017 година)

7:00 Поаѓање од пред платото на УТМС во Скопје
10:00 – 10:30 Пристигнување во Битола и одржување на работен состанок
• Потпишување на Договор за соработка со Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола
10:30 – 11:25 Посета на нагледен час по географија на тема: „Загадување и заштита на воздухот во Р. Македонија“
• Предавач: м-р Мите Ристов
11:25 – 11:55 Едукативна работилница на тема: „Користење на едукативниот портал ЕДУ-АРКТИК во професионалното усовршување на наставниците и во наставата и воннаставните активности по предметот географија“. (Искуство од едукативниот форум во Варшава, Полска).
• Предавач: м-р Мите Ристов
11:55 – 12:10 Кафе пауза
12:10 – 12:55 Едукативно предавање на тема: „ПМ честички во воздухот – континуиран убиец на сите нас“
• Предавачи: Анета Печипајковска и м-р Мите Ристов
13:00 – 14:30 Разгледување на најзначајните знаменитости на град Битола: Саат кулата, Широк сокак, Офицерски дом
• Водич: м-р Мите Ристов
14:30 – 16:00 Организиран ручек
16:00 Поаѓање од Битола

 

Со почит,

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ