ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИ, ПОФАЛНИЦИ И НАГРАДИ НА УЧЕСНИЦИТЕ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Врз основа на добиената акредитација за организирање натпревари по географија за основно образование и согласно критериумите предвидени со Правилникот и Пропозициите за организирање и реализирање натпревари по географија, Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје во соработка со УТМС Институтот за национална географија, успешно ги реализираше натпреварите на општинско, регионално и државно ниво.

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, на 23.05.2023 година (вторник) ќе ги додели дипомите, пофалниците, потврдите и наградите за ученици, ментори и училишта кои учествуваа на Државниот натпревар по географија за учебната 2022/2023 година.

Доделувањето ќе се изврши во просториите на Универзитетот Скопје со почеток во 14:00 часот.

За освоено прво, второ и трето место, учениците добиваат дипломи, додека менторите добиваат пофалници за освоено место.

За учесниците кои освоиле над 85 бода ќе се доделат соодветни сертификати за постигнување на високи резултати, односно пофалница за освоена 3 награда за ученици кои освоиле од 85-90 бода, 2 награда за ученици кои освоиле од 90-95 бода и 1 награда за ученици кои освоиле од 95-100 бода.
Сите останати учесници (ученици и ментори) добиваат потврда за учество на Државниот натпревар.

Соодветни сертификати ќе се доделат и на правни и физилки лица кои помогнале во реализација на натпреварите на сите нивоа.
Наградите за првите три места се обезбедени преку фондот „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје и УТМС Институтот за национална географија.

 

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

Почитувани ученици и ментори,
Ве известуваме дека државниот натправар по географија за учениците од oсновните училишта во учебната 2022/2023 година, ќе се одржи на 13.05.2023 година, со почеток во 13:30 часот во просториите на Универзитетот Скопје.

Учесниците треба да бидат присутни во 13:00 на местото на одржување на натпреварите, се со цел безбедно и успешно спроведување на истите. Учениците мора да бидат придружувани од менторот или друго лице на предлог на менторот и училиштето.

ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје останува доследно во спроведување на активностите кои се во интереси на учесниците и секогаш излегувало во пресрет на барањата на колегите за промена на предвидениот термин, овој пат поради совпаѓање со натпреварот по математика.
Напоменуваме дека зад веродостојност на податоците на учениците стои менторот. Во прилог е Програмата за активностите на 13.05.2023 година.
Ви посакуваме успех во натпреварувањето!

 

П Р О Г Р А М А

13:00 Поздравување на учесниците на натпреварот (проф. д-р Дејан Наковски, потпретседател на ЗПГМ)
13:05 – 13:25 Спроведување на учесниците на натпреварот до просториите за тестирање
13:30 – 14:30 Натпреварувачки дел
14:30 – 15:00 Пригоден коктел и меѓусебно дружење
Објавување на неофицијална ранг листа