На 04.03.2023 година се одржаа општинските натпревари по географија за ученици од VI, VII, VIII и IX одделение.

На општинските натпревари од пријавени 1297 ученици, учествуваа вкупно 1152 ученици кои оваа година своите знаења ги покажаа преку апликацијата Google Meet.

Почитувани,

Ви доставуваме детални напатствија за реализирање на општинскиот натпревар.

НАПАТСТВИЈА ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА

 

Со почит!

ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје

Почитувани ученици и ментори,
Ве известуваме дека општинските натправари по географија за учениците од oсновните училишта, кои ќе се одржат на 04.03.2023 година, наместо во 10:00 ќе започнат во 13:00.
Промената на терминот е поради совпаѓање со регионалните натпревари по математика, како и на барањето на повеќе ментори, а е во интерес на учениците.
Ве известуваме дека и оваа година реализацијата на општинските натпревари ќе се одвива онлајн, а потребните информации и напатствија сите учесници ќе ги добијат на мејл.
Натпреварите ќе се одвиваат според напатствија и Пропозиции, кои ќе бидат објавени на официјалната страна на Здружението. https://www.geograf.mk.
Во прилог: Списоци на пријавени учесници на општинскиот натпревар по географија.

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

 

ПРОПОЗИЦИИ ЗА НАТПРЕВАР 2023

 

Почитувани,

Поради технички проблеми, сите пријави за натпреварот по географија кои се испратени преку официјалната страна на ЗПГМ до 1. 02. 2023 година не се пристигнати.