На 16.03.2024 година се одржаа регионалните натпревари по географија за ученици од Основното Училишта.
На натпревари учествуваа ученици од VII, VIII и IX одделение распоредени во 21 регион.
Право на учество на државен натпревар имаат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветниот регион и сите кои имаат освоено 85 и над 85 бодови на натпреварот.
Доколку од регионот нема ученик со над 85 бода, првопласираниот од соодветниот регион, се приклучува кон учениците кои се пласирани за државниот натпревар, но не помалку од 70% од максимално предвидените бодови на регионалниот натпревар.
На регионалните натпревари, дипломи добиваат ученици со освоени прво, второ и трето место, додека менторите добиваат уверение за учество на натпреварите и пофалница за освоено место. Доколку повеќе ученици постигнат ист број на бодови на регионалните натпревари, сите ученици го делат истото место.
На сите учесници им благодариме за довербата, а на оние кои продолжуваат на следното ниво на натпреварување им посакуваме успех.
Информацијата за датумот и времето за реализација на државниот натпревар ќе биде објавена благовремено, а отстапувањето од Календарот е поради пролетниот распуст на учениците.
ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ
ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ
ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ
ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ - Скопје