Почитувани колеги и колешки,

Ве покануваме да учествувате на отворениот состанок на Комисијата за следење и разгледување на наставни планови и програми по географија која функционира во рамки на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје. Состанокот ќе се одржи на ден 15.01.2016 година со почеток во 14:00 часот, во просториите на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје.

Работа и дружење како две компоненти на визијата на ЗПГМ „Проф. д-р Љубе Миленковски“ – Скопје

По повод Новогодишните и Божиќните празници, на 9 јануари 2016 година, ЗПГМ „Проф. д-р Љубе Миленковски“ – Скопје, реализираше празничен ручек со цел одбележување на празниците и заедничко дружење на членовите.

ЗПГМ „Проф. д-р Љубе Миленковски“ – Скопје организира Божиќен ручек на 9 јануари 2016 година, во ресторан „Мечкуевска куќа“ во Свети Николе.

Пријавувањето може да се изврши најдоцна до 7 јануари 2016 година на официјалната e-mail адреса или на телефон 072 254 196.

2a

ЗПГМ „Проф д-р Љубе Миленковски - Скопје“ на сите припадници на католичката вероисповед ѝм го честита Божиќ

Cestitka  

Еднодневен теренски практикум

На 20.12.2014 година, на иницијатива на група професори по географија беше одржано основачко Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје.
По тој повод, согласно зацртаните програмски активности, на 20.12.2015 година, членовите на работните тела на здружението одржаа работен состанок и еднодневен теренски практикум во Врање, Република Србија.