Се информираат сите членови на Здружението, дека е склучен договор за соработка и давање образовни услуги од дејноста на УТМС на членовите на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје.
Врз основа на договорот, сите членови на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’- Скопје, имаат попуст за запишување и студирање на сите факултети на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Попустот се однесува за членовите на здружението и нивното потесно семејство за запишување на прв и втор циклус на студии.
Сите дополнителни информации може да се добијат на во канцеларијата на здружението, преку официјалната e-mail или на телефон 072 254 196.

Здружение на професори по географија на Македонија
        „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’- Скопје
                           ПРЕТСЕДАТЕЛ
                   м-р Јулијана Петровска

Настан кој предолго им недостасуваше на географите

Скопје, април 2015.
До Професорите по географија во Република Македонија

Почитувани колеги и колешки,

Врз основа на потребата за стручно усовршување и професионален развој на наставниците по географија на основните и средните училишта, Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје, во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на ден 25. 04.2015 година, организира еднодневна обука за наставници по географија во основни и средни училишта на тема: „ Апликативни трендови во современата настава’’

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје

Предмет: Покана за учество на Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’- Скопје

Информација :
за промена на името на Здружението на професори по географија на Македонија ЗПГМ – Скопје

На седница на Собрание на ЗПГМ-Скопје, одржана на ден 21.03.2015 година, донесена е одлука за измени во името на здружението, со додавање на името на Проф. Д-р Љубе Миленковски.