Врз основа на член 16, 18 и 23 од Законот за здруженија на граѓани и фондации (Сл. Весник на Република Македонија бр. 52 од 16.04.2010 и бр. 135 од 03.10.2011 година) Собранието на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, на ден 22.12.2018 год. го донесе следниот:


С Т А Т У Т
на
Здружение на професори по географија на „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје
(Пречистен текст)

 

 

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, е здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓани по вокација професори и наставници по географија, заради промоција и развој на професијата, со особен акцент на географијата како дел од наставниот процес, географијата како наука, подигнување на дигнитетот на носителите на дејноста-професори по географија и демократизација на правото на здружување преку кое ќе се шири позитвниот дух кај носителите на една благородна дејност.

Член 2

Граѓаните се здружуваат заради остварување на поширок општествен интерес со кој се задоволуваат потребите за развојот и унапредување од областа на образованието и науката, со особен акцент на географијата како наука и како воспитно-образовна дејност, граѓанските права и слободи на територијата на Република Македонија.

Член 3

Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, како здружение на граѓани своите цели, задачи и дејности ги остварува во согласност со позитивното прво на РМ.

 

ИМЕ И СЕДИШТЕ

Член 4

Името на ова здружение е: Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ - Скопје.
Скратеното име на Здружението на професори по географија на Македонија е Здружение ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ - Скопје.

Член 5

Седиштето на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, е во Скопје, на ул. „Партизански одреди’’ бр. 99.

 

ПЕЧАТ

Член 6

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, има свој печат и штембил. Печатот е со тркалезна форма и го соджи името на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, и е напишано на македонски јазик и кирилично писмо.
Штембилот е правоаголен со следниот текст: Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, напишано на македонски јазик со кирилично писмо.

Член 7

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, има свое лого. Логото ќе биде во форма на земјината топка која што лежи врз отворена книга. На логото преовладува бела и светло-кафена боја, додека името на здружението е напишано со светло-кафена боја на сина основа.

 

ЦЕЛИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 8

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, заради остварување на поширок заеднички интерес а како посебни цели и задачи го издвојува остварувањето на она што е предвидено во Законот за образование и наука на Република Македонија и другите сродни закони.
Дејности преку кои се остваруваат целите на здружението се обуки, семинари, натпревари, екскурзии и теренска настава, изложби, промоции и други настани, преку кои ќе се реализира визијата и мисијата на членовите на здружението и пошироката јавност директно или индиректно вклучена во воспитно- образовниот процес.
Главни цели на Здружението се:
- Зачленување на секој професор или наставник по географија на доброволна основа и без оглед на тоа дали е во работниот однос, невработен, пензионер или слично;
- Подигнување на дигнитетот на профилот професор по географија, поголема сигурност и достоинство;
- Усовршување на наставните планови и програми наменети за наставата по географија;
- Вклучување на членовите во владини и невладини научно-истражуачки проекти;
- Подигнување на квалитетот на наставата со примена на современи наставни практики и примена на современа методологија во наставата по географија
- Стекнување на повисоки знаења, вештини и компетенции при реализирање на наставата и вон наставните активности;
- Развој на внатрешна демократија и демократски односи;
- Усовршување на наставата преку континуирано едуцирање на членовите (организирани семинари и обуки...);
- Навремени, транспарентни и вистинити информации за членство преку електронска пошта, веб-страна и други медиуми;
- Редовно одржување на состанок на Здружението најмалку на секои 3 месеци;
- Најмалку еднаш годишно организира наставен практикум преку работа на терен
- Актуелизирање на прашања и актуелни проблемите на географите пред релевантните институции и барање за измени на образовни стандарди и норми од областа на географијата;
- Збогатување на портфолијата на географите со нови содржини, сертификати и признанија;
- Градење имиџ на стабилен општествено-одговорен субјект во креирање на законски решенија и нормативи во врска со географијата и како наука и како рамноправен чинител на воспитно-образовниот процес во државата.
- Развивање на демократски односи во рамки на здружението.


ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 9

Член на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, може да биде секој граѓанин по професија професор/наставник по географија кој доброволно ќе пристапи кон здружението со давање на писмена изјава за членство.
Здружувањето во Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, се врши со пристапница.
Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, за своите членови води регистар на членство, кој се ажурира согласно роковите предвидени во закон.

Член 10

Членот има право да избира и да биде биран во органите на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје,, да учествува во работата, да придонесува во развојот и популарноста на самото здружение .
Секој член може доброволно да истапи од здружението.

Член 11

Престанок на членство или исклучувањето од членство во Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, настапува во случај на :
- повреда на статутот на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје,
- дејствување спротивно на целите и интересите на Здружение на професори по географија на Македонија „Проф. Д-р Љубе Миленковски“ - Скопје.

Член 12

Обврските на членовите на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје се :
- Почитување на статутот и актите на здружението;
- присуство на состаноци;
- земање на конкретно учество во спроведување на програмата и активностите на здружението.

 

ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 13

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, го преставува и застапува претседателот.

 

ОСТВАРУВАЊЕ НА ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА

Член 14

Работата на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, е јавна. Јавноста во работата се обезбедува со редовно известување на членовите, заинтересираните субјекти и други активни чинители во функција на остварување на целите на здружението и пошироката јавност. Притоа се поднесува извештај за работата на органите и телата на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, за материјално-финансиското работење и друго. За информирање на членовите и пошироката јавност се користат седници на органите и телата на здружението, печатени и електронски медиуми, социјалните мрежи и други средства достапни за комуникација.

 

ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 15

Здружението на професори по географија на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, ќе остварува средства од:
- спонзорства, провизии од организации и заедници, фондации, трговски друштва и друго (имотни права и сл.), доброволни прилози, донации, подароци (во пари, добра, имотни права), завештанија, легати, дејности со кои се стекнува добивка, кирии и закупнини, како и приходи од инвестиции, дивиденди, камати, заеми и други приходи во согласност со закон и со статутот.

Член 16

Користењето и располагањето со средства на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, добиени по основите од член 15 од овој Статут, се врши на начин утврден со овој Статут и во согласност со позитивното право на РМ.

Член 17

За користењето и располагањето со средствата одлучуваат органите на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, согласно надлежностите утврдени со овој Статут, кои превземаат мерки за економско целосообразно корситење на средства и за спречување и остварување на незаконитости.

Член 18

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на здружението.
Финансискиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат од член 15 од овој Статут, како и расходите за општествената активност, плати на вработените, заедничката потрошувачка на вработените, материјални трошоци за работа на здружението и други расходи, сврзани за работата на здружението.

 

УПРАВУВАЊЕ СО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРОФЕСОРИ ПО ГЕОГРАФИЈА НА МАКЕДОНИЈА „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’-СКОПЈЕ

Член 19

Со Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, управува организирано членство, непосредно или преку свои претставници во органите.
Права и должности на преставниците во органите се:
- да избира и да биде биран во органите на здружението;
- да предлага решавање на трошоците од заеднички интерес;
- да предлага решавање на прашања од заеднички интерес;
- да работи на развивање и унапредување на општесвените и другите активности кои произлегуваат од Статутот;
- да работи на развивање на програмските цели и задачи од усвоението одлуки и заклучоци;
- да ги спроведува во целост одредбвите од Статутот и програмските активности;
- да ги застапува интересите на здружението.

 

ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРОФЕСОРИ ПО ГЕОГРАФИЈА НА МАКЕДОНИЈА „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ - СКОПЈЕ

Член 20

Органи на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје:
- Собрание;
- Извршен одбор и
- Надзорен одбор

Член 21

Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.
Членовите на здружението во собранието можат да бидат претставени преку свои делегати со полномошно.

Член 22

Седницата на Собранието ја свикува Претседателот на Собранието.
Седницата на Собранието се свикува и по предлог на Извршниот одбор на здружението или на 1/5 на вкупниот број на членови на Собранието.
Ако Претседателот на Собаранието, во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Извршниот одбор или иницијаторите.
Седница на Собрание за работа на Извршен одбор може да се свика и по предлог на надзорниот одбор.
Начинот на свикување на седницата на Собранието на здружението се определува со Деловник за работа на Собранието.

Член 23

Одлуките може да се донесат и без присутво на седницата на Собранието ако членовите на Собранието се изјаснат преку телефонска конференција, електронска пошта, потпишување на акт и на друг начин од кој може да се утврди чинот на изјаснување за определено прашање.
Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови.
Во надлежност на Собранеието е следното:
- донесува статут и врши измена и дополнување на истиот, донесува програма и други акти,
- усвојува годишен извештај за работа и финансиски извештај и го објавува на својата веб страница,
- усвојува програмска ориентација за работа на здружението, операцинизаирано во годишните програми;
- усвојува завршна сметка и финансиски план;
- одлучува за промена на целта на здружението;
- го разгледува и усвојува извештајот за работа на Извршниот одбор помеѓу две собранија;
- распарава за постигнатите резулатати и развој на здружението;
- одлучува за основање и укинување на ограноци и други облици на организиртање на здружението;
- одлучува за здружување или разделување од друго здружение и за зачленување во сојузи и меѓународни организации;
- доставува финансиски извештај до надлежниот орган на државната управа, односно до органот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во случаите кога користи средства од Буџетот на Република Македонија, односно буџетите на единиците на локалната самоуправа;
- одлучува за промена на целта на здружението;
- одлучува за внатрешната организација и организационите форми на органите на здружението;
- избира и разрешува претседател и потпретседатели на Здружението и членови на Извршниот одбор, на предлог на претседателот на Здружението и членови на Надзорниот одбор;
- одлучува за статусните измени на здружението,
- одлучува за престанок на здружението со двотретинско мнозинство гласови од сите членови на здружението;
- констатира прием на нови членови и престанок на членување;
- одлучува и за други прашања кои не се во надлежност на други тела на здружението и
- врши и други работи во согласност со Статутот и актите на здружението.

Член 24

Заради извршување на статутарните програмски задачи Собранеито може да формира други работни тела.

ИЗВРШЕН ОДБОР

Член 25

Извршниот одбор е извршен орган на Собранието, во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на Здруженито во согласност со овој Статут.
По правило Извршниот одбор се избира од редот на членовите на Собранието на предлог на претседателот на Здруженито.
Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае четири години, со можност на повторен избор.
Бројот на членовите на Извршниот одбор го определува Собранието со посебна одлука.

Член 26

Извршниот одбор работи на седници.
Извршниот одбор се состанува по потреба, а најмалку еднаш во четири месеци.

Член 27

Извршниот одбор може полноважно да одлучува ако на седницата присуствуваат најмалку половина од вкупниот број членови на Извршниот одбор.
Одлуките на Извршниот одбор се сметаат за донесени ако за нив гласале повеќе од вкупниот број присутни членови на Извршниот одбор.
Oдлуките може да се донесат и без присутво на седницата на Извршниот одбор ако членовите на Извршниот одбор се изјаснат преку телефонска конференција, електронска пошта, потпишување на акт и на друг начин од кој може да се утврди чинот на изјаснување за определено прашање.

Член 28

Извршниот одбор на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје:
- ги подготвува седниците на собранието;
- го подготвува нацртот на статутот и другите одлуки што треба да ги донесе Собранието;
- донесува и реализира годишна програма за работа;
- може да формира стручна служба и да врши контрола врз нејзината работа;
- управува и одговара за управувањето со имотот на здружението;
- подготвува годишен или периодичен извештај за својата работа;
- ги спроведува Статутарните и програмски задачи на здружението;
- ги спроведува одлуките и заклучоците на Собранието;
- свикува седници на Собранието и припрема материјал;
- донесува одлука за формирање на постојани и повремени комиси и ја насочува ниваната работа;
- донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува договори;
- организира и активно учествува во организирање на разни акции и манифестации;
- донесува одлука за награди и пофалници;
- донесува одлуки за приговори и жалби;
- на предлог на Претседателот на Здружението избира Генерален секретар на Здружението;
- врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот.

Член 29

За својата работа Извршниот одбор на Здружението одговара пред Собранието.

Член 30

Претседателот на Здружението е претседател на Извршниот одбор и претседател на Собранието. Претседателот го избира Собранието со мандат од 4 години, со можност на повторен избор. Здружението има и три потпретседатели со мандат од 4 години, кои на предлог на Претседателот, ги избира Собранието на Здружението.
Претседателот на Здружението:
- се грижи и е одговорен за законското работење на Здружението;
- ги свикува и претседава на седниците на Собранието и Извршниот одбор;
- ги потпишува одлуките и другите акти што ќе ги донесе Собранието и Извршниот одбор на Здружението, потпишува и склучува договори (претходно прифатени од Извршниот одбор) за функционирање на Здружението;
- се грижи за доследно спроведување на програмите, заклучоците и одлуките на Собранието и Извршниот одбор на Здружението и врши контрола на нивната реализација;
- врши и други работи што произлегуваат од природата на работењето на Собранието и Извршниот одбор на Здружението.
Претседателот на Здружението може да запре од извршување акт на Здружението кој е спротивен на Уставот, законот и овој Статут и во рок од 8 дена да покрене постапка пред надлежниот орган.

Член 31

Претседателот на Здружението го претставува и застапува Здружението.
Во случај на спреченост или отсутност на претседателот на Здружението, го заменува еден од потпретседателите што тој ќе го определи.
Доколку претседателот на Здружението биде отсутен или спречен да ја врши функцијата подолго од шест месеци или е неактивен во вршењето на својата функција, се бира нов претседател на Здружението.
Претседателот на Здружението може да овласти со полномошно друго лице што би го застапувало Здружението за одредени прашања пред надлежните органи на управата, судови и други институции.
За својата работа Претседателот на Здружението одговара пред Собранието.

Член 32

Извршниот одбор на Здружението, за поквалитетно, поуспешно и поефикасно остварување и реализација на своите работи, задачи и функција и на работата на Здружението во целина, може да формира соодветни организациони форми на организација и работа во општините, работни тела и служби или именува одговорни лица (координатори) задолжени за определени прашања.
Составот, надлежностите и задачите на телата и лицата од став 1 од овој член ги определува и утврдува Извршниот одбор на Здружението со посебни општи акти.

 

НАДЗОРЕН ОДБОР

Член 33

Надзорниот одбор врши надзор и контрола над спороведувањето на одредбите од овој Статут и контрола за наменско располагање со средствата и приходите на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје.
Надзорниот одбор го сочинуваат 3 члена, со мандат од 4 години, со можност за повторен избор. Членовите на надзорниот одбор се избираат од редот на членовите на Собранието.
Надзорниот одбор кога ќе утврди неправилно работење има право да свика Собранието на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје.
Надзорниот одбор го свикува Собранието, а претходно го известува Извршниот одбор за констатираната неправилност. Извршниот одбор е должен во рок од 15 дена од укажувањето да изврши промена согласно на укажувањето на Надзорниот одбор.

ПРЕСТАНОК НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРОФЕСОРИ ПО ГЕОГРАФИЈА НА МАКЕДОНИЈА „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ - СКОПЈЕ

Член 34

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, ќе престане со работа ако:
- одлучат членовите на здружението;
- ако бројот се намали под бројот на основачите;
- ако настапат причини утврдени од член 63 од Законот за здруженија и фондации.
Одлука за престанок на здружението донесува Собранието со 2/3 мнозинство.

 

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 35

Право на толкување на одредбите на овој Статут има Собранието на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, помеѓу две Собранија, Извршниот одбор на здружението.

Член 36

Измени и дополнувања на овој Статут се вршат по иста потсапка како и за негово донесување.

Член 37

Овој Статут влегува во сила со денот на неговото донесување.

 

 

ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – СКОПЈЕ
Претседател, 
Проф. д-р Аце Миленковски