ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИ, ПОФАЛНИЦИ И НАГРАДИ НА УЧЕСНИЦИТЕ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Врз основа на добиената акредитација за организирање натпревари по географија за основно образование и согласно критериумите предвидени со Правилникот и Пропозициите за организирање и реализирање натпревари по географија, Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје во соработка со УТМС Институтот за национална географија, успешно ги реализираше натпреварите на општинско, регионално и државно ниво.

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, на 23.05.2023 година (вторник) ќе ги додели дипомите, пофалниците, потврдите и наградите за ученици, ментори и училишта кои учествуваа на Државниот натпревар по географија за учебната 2022/2023 година.

Доделувањето ќе се изврши во просториите на Универзитетот Скопје со почеток во 14:00 часот.

За освоено прво, второ и трето место, учениците добиваат дипломи, додека менторите добиваат пофалници за освоено место.

За учесниците кои освоиле над 85 бода ќе се доделат соодветни сертификати за постигнување на високи резултати, односно пофалница за освоена 3 награда за ученици кои освоиле од 85-90 бода, 2 награда за ученици кои освоиле од 90-95 бода и 1 награда за ученици кои освоиле од 95-100 бода.
Сите останати учесници (ученици и ментори) добиваат потврда за учество на Државниот натпревар.

Соодветни сертификати ќе се доделат и на правни и физилки лица кои помогнале во реализација на натпреварите на сите нивоа.
Наградите за првите три места се обезбедени преку фондот „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје и УТМС Институтот за национална географија.

 

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

На 13.05.2023 година се одржаа Државниот натпревар по географија за ученици од Основните Училишта.

На државен натпревар учествуваат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место на регионалниот натпревар и сите натпреварувачи кои имаат освоено над 85 бода.

Право на приговор имаат менторите до понеделник (15 05.2023) до 10:00 часот, по што ќе биде објавена официјалната ранг листа.

Неофицијалните резултати на учениците дадени се во прилог.

НЕОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ

НЕОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

НЕОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

НЕОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

 

Клуч за 6 одделение - македонски

Клуч за 6 одделение - албански

Клуч за 7 одделение - македонски

Клуч за 7 одделение - албански

Клуч за 8 одделение - македонски

Клуч за 8 одделение - албански

Клуч за 9 одделение - македонски

Клуч за 9 одделение - албански

Клуч за 9 одделение - турски