• 01.jpg
  • 3.png
  • 4.png
  • 5.png
  • 6.png
  • 7.png
  • 8.png

М-р Билјана Глигорова, раководи, менаџира и ги координира сите активности во СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје и како резултат на својата пожртвуваност и посветеност на работата придонесува за имплементирање на реформите во стручното образование со што го подобрува имиџот на училиштето во државата и пошироко.

М-р Билјана Глигорова е родена во Велес на 08.03.1975 година. По завршување на средното образование во гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес се запишува на ПМФ – Институт за географија и во 1999 година успешно ги завршува студиите и се стекнува со титула ДИПЛОМИРАН ПРОФЕСОР ПО ГЕОГРАФИЈА.
Својот работен стаж го започнува во CreditExpress – Скопје, како менаџер за продажба, за да продолжи со својата вистинска љубов како наставник по географија во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Скопје. Во текот на својата работна кариера, таа стручно се оспособувала со следниве обуки, и за истите се стекнала со соодветни Сертификати и Дипломи.
Во Септември, 2010 година се запишува на втор циклус студии на ПМФ – Институт за географија. Магистерските студии се со просечна оцена 10, а магистерската работа е на тема: „Туристичка валоризација на Демиркапискиот регион“.

school  Parna lokomotiva VT
СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје

Во Септември, 2012 година, е именувана за Директор СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје.
За својата работа таа ќе каже:
„Менаџирањето на една образовна институција е одговорна и сериозна задача која бара мошне внимателен пристап, затоа што целокупната активност подразбира да се создадат услови за непречена реализација на образовниот процес, да се контролира успешноста на тој процес и да се послушаат сите добронамерни забелешки, ставови и мислења кои потоа ќе се вградат во стратегијата на училиштето за натамошниот период. Истовремено, не смее да се занемари ниту воспитната компонента, затоа што наша примарна цел е да воспитаме чесни, стабилни и силни млади луѓе кои ќе бидат подготвени да се соочат со предизвиците што стојат пред нив.
Наша приоритетна задача во изминатиов период беше да ги подобриме условите за работа во училиштето, да воспоставиме интензивна соработка со институциите, пред сè со МОН и со Секторот за образование на Град Скопје, настојувајќи да ги спроведеме во практика заложбите на Владата на РМ за развој на средното стручно образование, со цел да се задоволат потребите на пазарот на труд за стручно оспособени млади луѓе.
Исто така, настојувавме да го разубавиме опкружувањето на училиштето, уредувајќи го училишниот двор и создавајќи еден препознатлив лик на уредено училиште. Особено сме горди на тоа што во реализацијата на нашата идеја голема поддршка и помош добивме од нашите ученици. И нема да бидеме нескромни ако кажеме дека навистина ја заслуживме наградата за најубаво украсен училишен двор во пресрет на новогодишните празници.
Изминатата година нашето училиште оствари низа забележителни настапи и освои голем број награди на многу натпревари и манифестации на локално, градско и државно ниво, побивајќи го ставот дека немаме доволно сила и можности да ги одмеруваме своите сили со гимназиите, со оглед на тоа дека запишуваме послаби ученици. Тоа е уште еден доказ дека со добра и квалитетна работа и несебично залагање на учениците и нивните ментори успехот е загарантиран. А токму тие успеси се најдобрата реклама и препорака на училиштето.

20131118 195947  20131119 101143
Освоено прво место на град Скопје во ПП квиз



Со посебно задоволство можеме да се пофалиме дека со беспрекорната организација на државните натпревари на училиштата од електротехничка, машинска и сообраќајна струка поставивме нови стандарди на организација на ваквите случувања.

Natprevar po znaenje
Натпревар по знаење на технички училишта – 2014 година


Се разбира дека сево ова не е случајно, туку се должи пред сè на одличната организација во училиштето и добрата соработка на сите вработени, кои во изминатиот период покажаа дека се одлични тимски играчи и дека највисок приоритет им е добрата слика за училиштето и задоволството на учениците и нивните родители што се одлучиле образованието да го стекнат во оваа образовна институција.
Нашето мото за наредната година ќе биде „Отворен поглед кон иднината“. Тоа подразбира натамошни активности во насока на зацртаните цели - да градиме училиште што ќе биде во чекор со времето и ќе ги следи сите трендови кои ги налага современиот живот. Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во себе и во своите потенцијали и знаат како да се изборат за својот статус и своето место.’’

 

М-р Билјана Глигорова