• 01.jpg
  • 3.png
  • 4.png
  • 5.png
  • 6.png
  • 7.png
  • 8.png

М-р Ѓоко Стрезовски на позицијата Градоначалник на Општина Ресен, забележани се поголем број активности и проекти кои одат во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на Општина Ресен.

М-р Ѓоко Стрезовски е роден на 27.01.1964 година во Ресен. Основно и средно образование завршил во Ресен, а дипломирал на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј"- Географија во Скопје. Магистер е по менаџмент на образование, магистрирал на ПФБ при Универзитетот „Св. Климент Охридски" во Битола, каде што во моментов е докторант. Автор е на повеќе стручни и научни трудови од областа на криминалистиката, односите со јавноста и образованието. Во професионалната кариера, меѓудругото, бил директор и главен и одговорен уредник на Центарот за печат и радио-Ресен, директор и главен и одговорен уредник на информативниот магазин "Балканска газета", виш советник во кабинетот на Министерот за внатрешни работи, началник на ОВР Ресен, а до станувањето градоначалник беше портпарол на СВР Битола.
Од 11.04.2013 година со победата во вториот круг на локалните избори, м-р Ѓоко Стрезовски се наоѓа на позицијата Градоначалник на Општина Ресен, а со неговото доаѓање забележани се поголем број активности и проекти кои одат во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на Општина Ресен.
Поставувањето на целокупната работа на локалната администрација кон системски пристапи за потребите за развој на општина Ресен, раздвижи поголем број сектори и сфери кои продуцираа преку 120 реализирани проекти за период од две години. Во исто време, начинот и темпото на работа создаваа имиџ на општината како перманентен сервис на граѓаните и главен двигател на целокупниот развој. Во процесот на планирање, реализација и евалуација на проектите и активностите, Стрезовски наметна критериуми според кои не се дозволува еднострано административно спроведување на активностите, туку истите се дел од заедничко детектирање и предлагање решенија за проблеми и предизвици помеѓу локалната администрација, бизнис секторот, невладините организации и воопшто граѓаните организирани преку најразлични форми на здружување.
Главниот пристап е овозможување мерливост во работата на администрацијата која мора да испорача проекти за подобрување на животот на граѓаните и по квантитет, но, несомнено и по стандардизиран квалитет.
Просторот можеби не дозволува да се набројат сите, меѓутоа нескромно е ако не се споменат неколку клучни по кои Општина Ресен стана препозмнатлива не само во национални рамки туку и пошироко :
- Реализација на проектот од делот на животната средина “Заштита на Преспанското Езеро’’ во висина од над 6 милиони швајцарски франци, кој општината го реализара заедно со УНДП и во кој се опфатени сет на мерки и активности од реставрација на блатни подрачја, управување со заштитени подрачја, изградба на мониторинг станица со целосна инфраструктура за следење на квалитет на водите на езерото, изградба на фабрика за компоста, воспоставување на систем за управување со отпад од пестициди, воспоставувањее на расадник со автохтони дрвја и нивно засадување, формирање на опитен насад за интензивно јаболкопроизводство, доделување на грантови за примена на агроеколошки мерки во јаболко производството, воспоставување на систем за сигнализација за третирање на овошките и др.

02

- Проекти во делот на патната инфраструктура во општина Ресен, асфалтирани се преку 25 километри патишта и улици низ цела преспа, поставени се преку 4000 м² тротоари низ градот Ресен.
- Осветлени се клучката на експресниот пат А3 – макази и влезот на градот Ресен.
- Во делот на туризмот се носат урбанистички планови за туристичките населби како основа за развојот на туризмот во преспа, а се започна и со изградба на две модерни плажи на преспанското езеро во Стење и Сливница во вреднос од преку 70 милиони денари.
- Во делот на комунална инфраструктура се изградени фекални канализации во населените места Долна и Горна Бела Црква, Наколец.
- Општината овозможува и посебни услови наменети за бизнис секторот при што во соработка со владата ја обезбеди и првата гринфилд инвестиција од над 10 мил. евра со изградба на откупно дистрибутивен центар во макази со капазитет од 10 000 тони наменето за преспанското јаболко.
- Во делот на спортската инфраструктура во тек се изградбата на повеќенаменско спортско игралиште, тениско игралиште а се изврше реконструкција и врз двете фудбалски игралишта во Ресен и спортската сала Зоран Стојановски.
- Изградени се повеќе урбани содржини низ преспа од типот на еко паркови и плоштади, реконструирана е општинската зграда во енергетско ефикасна зграда, отворена е градинка во руралното населено место Јанковец, а во тек е изградба на станбена зграда за социјално ранливи категории и др.
- Во делот на земјоделието т.е. во овоштарството изработена е студија за додадена вредност на преспанското јаболко при што се потикнати одреден број приватни бизниси од мал и среден обем во делот на преработка на преспанското јаболко.
- Во делот на културата, реновирана е коно салата при Дом на култура, се организираат на многу повисоко ниво традиционалните манифестации како Преспанскиот Јаболкобер и Актерот на Европа, а се воспоставуваат и нови како Преспанско Културно лето кое по содржина на квалитет и квантитет е доста значајно за подршка на туризмот во Преспа.

dve

Преспанско Езеро