На 26.03.2022 година беа одржани општинските натпревари по географија за ученици од VI и VIII одделение.
На општинските натпревари од пријавени 734, учествуваа вкупно 662 ученици кои оваа година своите знаења ги покажаа преку националната платформа за далечинско учење MS Teams.

 

Почитувани ученици и ментори,

Во списоците дадени во прилог се имињата на пријавените учесници за натпреварот по географија за ученици од основното образование. Доколку вашето име не е на списокот, Ве молиме да нѐ контактирате.

СПИСОК НА ПРИЈАВЕНИ УЧЕНИЦИ ОД ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ

СПИСОК НА ПРИЈАВЕНИ УЧЕНИЦИ ОД ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

Со почит,

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

Почитувани ученици и колеги,


Во пресрет на одржувањето на Општинскиот натпревар по географија за 2022 год. за учениците од основното образование, Ве информираме подетално за текот на натпреварите.

Во прилог се НАПАТСТВИЈАТА и ПРОПОЗИЦИИТЕ за Општинскиот натпревар. 

 

Им посакуваме успех и добро здравје на сите учесници и нивните ментори! 

ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје

 

Почитувани ученици и наставници,


Ве известуваме дека општинските натправари по географија за учениците од oсновните училишта за учебната 2021/2022 година, кои ќе се одржат на 26.03.2022 година, наместо во 11:00 часот ќе започнат во 13:00 часот.
Промената на терминот е поради совпаѓање со регионалните натпревари по математика, како и на барањето на повеќе наставници и родители.

Со почит,

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје