На општинските натпревари по географиа за ученици од Основните Училишта од вкупно пријавени 284 ученици, учествуваа 243 ученици од двете одделение, кои своите знаења ги покажаа преку националната платформа за далечинско учење MS Teams.

Почитувани ученици и наставници, Ве известуваме дека општинските натправари по географија за учениците од 7 и 9 одделение, ќе се одржат на 04.05.2022 година (среда), со почеток во 14:00 часот.
Пробниот тест ќе биде реализиран на 03.05.2022 година (вторник), со почеток во 20:00 часот.

НАПАТСТВИЈА ЗА ПРИЈАВЕНИТЕ УЧЕСНИЦИ ЗА ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА ЗА УЧЕНИЦИ ОД 7 И 9 ОДДЕЛЕНИЕ

UDHËZUES-PËR-PJESËMARRËSIT-E-APLIKUAR-PËR-KONKURSIN-E-GJEOGRAFISË-KOMUNALE-PËR-KLASAT-E-VII-DHE-IX

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје врз основа на Договорот за соработка, а во интерес на меѓусебна почит и поддршка на програмските активности и оваа година партиципираше во реализирање на 62-те натпревари КМТП организирани од страна на СЗТК Народна Техника Скопје.

Почитувани ученици и наставници, Ве известуваме дека општинските натправари по географија за учениците од 7 и 9 одделение, кои беа закажани за16.04.2022 година, се одложуваат поради новонастанатата ситуација поврзана со штрајкот во организација на СОНК.
За датумот на нивното реализирање навремено ќе бидете информирани.

Со почит,

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

Почитувани ученици и колеги,

 

Во пресрет на одржувањето на Општинскиот натпревар по географија за 2022 год. за учениците од 7 И 9 одделение, Ве информираме подетално за текот на натпреварите.

Во прилог се НАПАТСТВИЈАТА и ПРОПОЗИЦИИТЕ за Општинскиот натпревар.

UDHËZUES PËR PJESËMARRËSIT E APLIKUAR PËR KONKURSIN E GJEOGRAFISË KOMUNALE PËR KLASAT E VII DHE IX

 

Им посакуваме успех и добро здравје на сите учесници и нивните ментори!

ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје