Денеска, во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент, се одржа Деветтата седница на Собранието на Здружението на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски“ – Скопје.

На 17.12.2022 година (сабота) со почеток во 12:00 часот, на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, ќе се одржи Годишно Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје.

Претседателот на нашето здружение, проф. д-р Аце Миленковски, ја доби наградата Маж со трајни вредности на официјалниот избор на манифестацијата „Мажи на годината“ за 2022 година, во организација на ТВ магазинот „Џентлмен магазин“. На гала-вечерта за доделување на наградите, која се одржа вчеравечер во „DoubleTree by Hilton Skopje“, во присуство на голем број јавни личности од бизнис-заедницата, политичари, дипломати, награди добија тринаесетте најуспешни мажи во Македонија за 2022 година.

Почитувани колеги,

Ве покануваме да учествувате на 9-та Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, која ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на 17.12.2022 година (сабота), со почеток во 12:00 часот.

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – Скопје, помогнато од УТМС Институтот за национална географија и Фондацијата Проф. д-р Љубе Миленковски, после пауза од скоро две пандемиски години повторно излезе на терен и  реализирајше уште една програмска активност.

Имено, на 21 и 22. 06 2022 година беше спроведен теренски практикум на кој учество земаа повеќе географи, членови на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – Скопје.