По повод новогодишните и божикните празници, на 17 јануари 20204 година, членовите на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје, го посетија Кочани, бисерот меѓу македонските градови и притоа го реализираа своето традиционално празнично дружење.

Домаќин на оваа активност беше колегата Сашко Стефановски.

 

Ве информираме дека 10. јубилејна Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, ќе се одржи во просториите на Универзитетот Скопје, на 23.12.2023 година (сабота), со почеток во 12:00 часот.

За учесниците на Собранието предвиден е семинар за стручно усовршување и профсионален развој.

Патните трошоци за учество на Собранието се на товар на Здружението, а се обезбедени преку фондот проф. д-р Љубе Миленковски.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство најдоцна до 17.12.2023 на службениот маил на здружението This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или преку регионалните координатори.

Во прилог:

Агенда на активности за сабота

Дневен ред на Собрание

Агенда за панел дискусија

Извештај за работата на здружението во 2023 година

Програма за работа во 2024 година

 

Со почит,

Здружение на професори по географија на Македонија

„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Проф. д-р Аце Миленковски