Географијата несомнено e една од најстарите науки. Така, дури и во праисторијата, луѓето се обидувале рационално да ги објаснат појавите и процесите во вселената и да го разберат нивниот хронолошки редослед. Иако науката како форма на човечка активност била присутна во повеќето стари цивилизации, пишани траги за природата како целина наоѓаме кај античките филозофи. Денес географијата претставува сложена и комплексна наука која ги проучува природните и општествените појави и процеси во геопросторот, како и врските и односите меѓу нив.

По повод новогодишните и божиќните празници, на 16 јануари 2023 година, членовите на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје, го посетија Кочани, центарот на Кочанското Поле и град познат по „белото злато“ оризот и геотермалната вода. Домаќин на оваа традиционална географска средба беше колегата Сашко Стефановски, на која присуствуваа околу 50 професори од целата држава.

Честит 89-ти роденден, проф. д-р Васил Граматниковски, и воедно честит именден! Професорот Граматниковски е најстариот географ во Република Македонија.
На своето годишно Собрание одржано на 17 декември 2022 година, Здружението на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски” му додели Златна плакета за придонес во развојот на географијата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“– Скопје, продолжува и понатаму да работи на градење искрено пријателство, меѓусебна почит, взаемно разбирање и доверба меѓу членовите.
По тој повод и по повод новогодишните и божикните празници, на 16.01.2023 година, Здружението организира заедничка вечера и дружење во Кочани.
Домаќин на овогодишната активност е колегата Сашко Стефановски.
Сите заинтересирани членови за подетални информации да се обратат на службениот e-mail на здружението This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или кај колегата Сашко Стефановски најдоцна до 11.01.2023 година.

  

 

И 29 години по проф. д-р Љубе Миленковски, неговото дело продолжува да живее преку исклучителниот придонес на неговото потомство, ученици и соработници во развојот на географската научна мисла, унапредување на образованието и обезбедување квалитет во учебникарството!