За летниот солстициум, ЗПГМ во утринската емисија на Сител ТВ

На 21 јуни, на северната полутопка започнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната полутопка пак, ќе биде најкраткиот ден (зимски солстициум).

 

Согласно Програмата за работа, ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, за сите членови на здружението, организира дводневен теренски практикум во Малешевскиот Регион.
ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, со поддршка на УТМС Институтот за национална географија, продолжува со своите активности поврзани со посета на своите членови во средината во која живеат и работат. 

ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИ, ПОФАЛНИЦИ И НАГРАДИ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Врз основа на добиената акредитација за организирање на натпревари по географија за основно образование и согласно критериумите предвидени со Правилникот и Пропозициите за организирање и реализирање на натпревари по географија, Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје во соработка со УТМС Институтот за национална географија, успешно ги реализираше натпреварите на општинско, регионално и државно ниво.

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, поддржано од Институтот за национална географија на УТМС, на 09.06.2022 година (четврток) ќе ги додели дипомите, пофалниците и наградите за ученици, ментори и училишта кои учествуваа на Државниот наторевар по географија за учебната 2021/2022 година.

 

На 04.06.2022 година се одржа државниот натпревар по географија за ученици од VI, VII, VIII и IX одделение.
По разгледување на сите пристигнати приговори од страна на Државната комисија, дефинирана е официјалната ранг листа.
Ранг листата е конечна.