Почитувани ученици и ментори, Ве известуваме дека државниот натправар по географија за учениците од oсновните училишта во учебната 2023/2024 година, ќе се одржи на 18.05.2024 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Универзитетот Скопје.

Учесниците треба да бидат присутни во 09:30 на местото на одржување на натпреварите, се со цел безбедно и успешно спроведување на истите.
ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје останува доследно во спроведување на активностите кои се во интереси на учесниците и секогаш излегувало во пресрет на барањата на колегите за промена на предвидениот термин, овој пат поради поклопување пролетниот распуст и изборите, како и натпреварите по другите предмети.
Напоменуваме дека зад веродостојност на податоците на учениците стои менторот и секое отстапување од пропишаното ќе биде соодветно санкционирано.
На државниот натпревар менторите ќе бидат ангажирани во прегледување на тестовите во интерес на времето на објавување на резултатите на натпреварувачите.

П Р О Г Р А М А
09:30 - Поздравување на учесниците на натпреварот (проф. д-р Дејан Наковски, потпретседател на ЗПГМ)
09:35 - 09:55 - Спроведување на учесниците на натпреварот до просториите за тестирање
10:00 - 11:00 - Натпреварувачки дел
11:00 - 11:30 - Пригоден коктел и меѓусебно дружење
Објавување на неофицијална ранг листа во попладневните часови

Ви посакуваме добро здравје и успех на државниот натпревар!
ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје