На 1 Април 2017 година, се одржаа 58-миот регионален натпревар на млади техничари и природници во организација на СЗТК Народна техника – Скопје.

Врз основа на Договорот за соработка, и оваа година Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје“ даде свој придонес во реализација на овие традиционални натпревари преку учество во оценувачкиот дел.
Пред трочлената комисија во состав: г-дин Ивица Гиевски, доц. д-р Дејан Наковски и м-р Марина Стојмирова, младите натпреварувачи во областа применета географија, ги презентираа своите домашни трудови, знаења и вештини.
Со овие активности Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје“, продолжува да го шири кругот на пријатели и соработка со други здруженија и институции, со што се повеќе се етаблира како значаен субјект во граѓанското делување и севкупното општественото живеење на државата.