М-р Марина Стојмирова, уште еднаш го развеа знамето на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје на Елбрус, Казбек и Арарат!
Планинарењето има долга традиција во Македонија, иако не е многу популарно и признато како спорт. За нашата колешка Стојмирова тоа е многу повеќе од напорно искачување на планинските врвови, а истото го доживува како хоби за окото и срцето.
М-р Марина Стојмирова, секретар на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“-Скопје, како дел од четворочлената експедиција на клубот „ВАК Анапурна“, може да се пофали дека со огромна љубов кон планинарењето и посветеност на своето хоби, ова лето успеа да се искачи на највисокиот европски врв Елбрус (5642 м.н.в.), кавкаскиот горделив Казбег (5047 м.н.в.) и библискот Арарат (5140 м.н.в.).
Во очекување на нови подвизи ѝ посакуваме одлична психофизичка кондиција и успеси!
Западен Елбрус (5642 м.н.в.) и Источен Елбрус (5621 м.н.в.) Западен Елбрус (5642 м.н.в.)
Казбек (5047 м.н.в.) Казбек (5047 м.н.в.)
Арарат (5140 м.н.в.) Арарат (5140 м.н.в.)
ВЕЧЕР: Пред Илинден, македонското знаме Гостувањето во „Ја сакам Македонија“, ТВ Сител
се развеа на Елбрус, Казбек и Арарат
Гостување во Вести на ТВ Нова Гостување во Вести на ТВ Нова