Патуваме, се усовршуваме и се забавуваме!

За само 3 години постоење, членовите на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје, имаа можност да се стекнат со неколку сертификати, да го надградат своето знаење, вештини и компетенции преку посета на семинари и обуки, да се здобијат со вредни награди и литература, да се запознаат меѓусебно, да разменат свои мислења и искуства, а преку теренските практикуми, со поминат пат од над 3 000 км., да запознаат нови простори, да се дружат и забавуваат.