Анета Чаковска учествуваше на меѓународниот симпозиум „Наставата во 21 век“ 

На 25. 11. 2017 година во Велико Трново-Бугарија, беше одржан меѓународен симпозиуми на тема „Наставата во 21 век“.
На симпозиумот, во присуство на реномирани професори по географија и методика во наставата по географија, свое излагање имаше нашата колешка Анета Чаковска, професор по географија во ОУ „Крсте Мисирков“ во Скопје, која со својот труд Современите техники на учење во наставата по географија, предизвика интерес кај останатите учесници.
Покрај стручниот дел од своето излагање, колешката Чаковска ги запозна присутните со функционирањето и мисијата на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје.

04

Анета Чаковска ја презентира работата на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

02  03

Презентација на трудот „Современите техники на учење во наставата по географија“, предизвика интерес кај останатите учесници