Кекенхоф или уште познат како „Европска цветна градина" е еден од најпознатите и втор по големина цветен парк во Светот. Се наоѓа во близина на градчето Лисе (Lisse) - Јужна Холандија. Се простира на површина од 32 хектари и секоја година во него се садат нови 7 милиони најразновидни цветови. Гледано од птичја преспектива тие изгледаат како пространи цветни килими во најразлични бои.

02
ИСТОРИЈА
Дворецот во Кекенхоф e изграден 1641 година и денес зафаќа површина од околу 200 хектари. На холандски јазик Кекенхоф значи „Зеленчукова градина" (kitchen garden). Првенствената намена му била да претставува извор на билки кои се користеле во кујната на грофицата Jacqueline од дворецот Teylingen.

03

Цветната градина во Кекенхоф е основана во 1949 година од тогашниот градоначалник на Lisse заедно со уште 20 одгледувачи на цвеќиња. Паркот своите врати за јавноста ги отвора 1950 година со вкупно 236 000 посетители само во првата година. Денешната форма и изглед на паркот датира уште од далечната 1857 година а го осмислил познатиот архитект Jan David Zocher.

04

АТРАКЦИЈА
Паркот го сочинуваат неколку градини и 4 големи павилјони низ кои може да се види целокупната историја и традиција на одгледувањето на лалето во Холандија.
Најдобро време за посета на паркот е од средината на март до средината на мај кога цвеќињата се во полн цвет. Во паркот е прикажана фантастична колекција од разновидни: лалиња, зумбули, нарциси, орхидеи, каранфили, рози и секоја година има различен изглед, испреплетен со спектар од најразлични бои и мириси кои буквално ќе ве опијат.

05

06

Изложувачите што учествуваат во уредувањето на градината Кекенхоф се дел од холандските производители кои во моментов бројат околу 90. На секој производител му се доделува определена површина за декорирање. Тие површини се со најразлични аранжмани, па затоа нема ниедно катче кое е слично на друго.
Кекенхоф е една од главните туристички атракции во Холандија и годишно привлекува околу 800 000 посетители од целиот свет. Тема на годинешната изложба е "Van Gogh - 125 години инспирација."

07

За оние што сакаат да ги видат прекрасните цветни аранжмани можат да ја посетат опсерваторијата во рамките на дворецот од каде глетката и доживувањето се неповторливи.
Без двоумење цветната градина во Кекенхоф е единствена во светот, која доколку ја посетите ќе доживеете едно несекојдневно и незаборавно искуство.

08

Извори:
http://www.keukenhof.nl/en/
http://www.porta3.mk/
http://www.holland.com/global/tourism/article/keukenhof-21.htm
http://cheeseweb.eu/2014/04/facts-about-keukenhof-gardens-tulips-netherlands-
http://www.pbs.org/newshour/rundown/fields-flowers-bloom-brighten-netherlands/
http://www.viator.com/Amsterdam-attractions/Keukenhof-Gardens/d525-a7

aвтор:
Виолета Јаноска
ОУ „Коле Неделковски“ - Скопје