Истражувачите од Калифорнискиот институт за технологија (Caltech) пронашле докази за џиновска планета, која се движи по многу издолжена орбита надвор од Сончев систем.

Научниците потврдија дека 2015 година беше најжешка година досега, надминувајќи го претходниот рекорд, кој беше поставен во 2014 година.

Оваа година почнувајќи од 20 јануари се до 20 февруари, 5-те планети: Меркур, Марс, Венера, Сатурн и Јупитер ќе се најдат во иста рамнина и секој ден пред изгрејсонце, на небото можеме да ги видиме со голо око. Оваа глетка ќе се повтори во август оваа година. 

Кекенхоф или уште познат како „Европска цветна градина" е еден од најпознатите и втор по големина цветен парк во Светот. Се наоѓа во близина на градчето Лисе (Lisse) - Јужна Холандија. Се простира на површина од 32 хектари и секоја година во него се садат нови 7 милиони најразновидни цветови. Гледано од птичја преспектива тие изгледаат како пространи цветни килими во најразлични бои.

На 21 јуни, на северната полутопка започнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната полутопка пак, ќе биде најкраткиот ден (зимски солстициум).