Почитувани колеги, Ве известуваме дека Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, активно работи на подготовките за реализирање на натпреварите по географија за ученици од основното образование.

Овогодинешните натпревари ќе се реализираат за VI, VII, VIII и IX одделение согласно наставната програма по географија.
Согласно календарот, циклусот на натпревари се состои од:
- Општински натправари: 04.03.2023 година со почеток во 10:00 часот
- Регионални натпревари: 08.04.2023 година со почеток во 10:00 часот
- Државен натпревар: 13.05.2023 година со почеток во 10:00 часот

Теми и материјаили за подготовка на општинските натпревари:
- VI одделение: Вселена и вселенски тела, Планетата Земја и Ориентација на Земјата - Географија за 6 одделение за основно образование од авторот Бети С. Трајкоска, издадено во 2015 година од МОН.
- VII одделение: Македонија – Природно-географски карактеристики на Република Македонија – Соодветни материјали со содржини според наставната програма за 7 одделение.
- VIII одделение: Природно-географски и социо-географски карактеристики на Европа - Географија за 8 одделение за основно образование од авторите Коле Павлов, Ѓорѓи Павловски, издадено во 2020 година од МОН.
- IX одделение: Азија - Соодветни материјали со содржини според наставната програма за 9 одделение.

На натпреварите можат да учествуваат сите ученици од основните училишта во државата, пријавени преку своите ментори и училишта. Тестовите за учесниците ќе бидат на јазикот на кој се изведува наставата во училиштето.
На општинските натпревари, едно Основно училиште може да учествува со најмногу 3 (три) ученици од секое одделение, односно најмногу 3 (три) ученици од VI, 3 (три) ученици од VII, 3 (три) ученици од VIII и 3 (три) ученици од IX одделение.
Пријавувањето на учениците се врши со пополнување образец во електронската форма достапна на официјалната страна на Здружението ( https://www.geograf.mk/prijava-za-natprevar-po-geografija-2022 ), најдоцна до 12.02.2023 година.
За пријавување и учество на натпреварите не се предвидени никакви трошоци од страна на учесниците, односно без котизација или било кој вид членарина од страна на учениците или менторите.
Дополнителни информации околу програмата и пропозициите за натпреварите ќе ви бидат доставени благовремено, а истите ќе бидат објавени на официјалната страна на Здружението.


Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје