Почитувани ученици и ментори,
Ве известуваме дека општинските натправари по географија за учениците од oсновните училишта, кои ќе се одржат на 04.03.2023 година, наместо во 10:00 ќе започнат во 13:00.
Промената на терминот е поради совпаѓање со регионалните натпревари по математика, како и на барањето на повеќе ментори, а е во интерес на учениците.
Ве известуваме дека и оваа година реализацијата на општинските натпревари ќе се одвива онлајн, а потребните информации и напатствија сите учесници ќе ги добијат на мејл.
Натпреварите ќе се одвиваат според напатствија и Пропозиции, кои ќе бидат објавени на официјалната страна на Здружението. https://www.geograf.mk.
Во прилог: Списоци на пријавени учесници на општинскиот натпревар по географија.

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

 

ПРОПОЗИЦИИ ЗА НАТПРЕВАР 2023