На 04.03.2023 година се одржаа општинските натпревари по географија за ученици од VI, VII, VIII и IX одделение.

На општинските натпревари од пријавени 1297 ученици, учествуваа вкупно 1152 ученици кои оваа година своите знаења ги покажаа преку апликацијата Google Meet.

Поради технички проблеми, со кои се соочиле учесниците, нивни лични причини или поради непочитување на напатствијата, некои од пријавените учесници не се на ранг листата. Поради нецелосно внесување на податоци од страна на учениците, можно е рангирање на ученикот во друга општина со исто име на училиште, што секако ќе биде корегирано на официјалната ранг листа. 

На регионален натпревар право на учествуваат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветната општина и сите кои имаат освоено 85 и над 85 бода на натпреварот.
Доколку од општината нема ученик со над 85 бода, првопласираниот (еден) од соодветната општина, се приклучува кон учениците кои се пласирани за регионалниот натпревар, но не помалку од 65% од максимално предвидените бодови на општинскиот натпревар.
Право на директно учество на регионален натпревар имаат и Општини со помалку од 3 (три) училишта.

Незадоволните ученици, односно менторот имаат право на приговор, најдоцна 90 минути по објавувањето на резултатите, односно неофицијалната ранг листа, на емаилот на здружението. Комисијата е должна да ги разгледа приговорите и за тоа да го извести подносителот. Официјалната листа ќе биде истакната по разгледување на сите приговорри кои ќе стигнат во определениот рок. 

Клучот и резултатите на учениците од тестот за VIII одделение индивидуално се пуштени на секој посебно на нивната емајл адреса.

Резултатите од одговорот по приговорот се конечни.

ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ

СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

 

КЛУЧЕВИ ОД ТЕСТОВИТЕ:

ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ - МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ - МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ - МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ - МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ - АЛБАНСКИ ЈАЗИК

СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ - АЛБАНСКИ ЈАЗИК

ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ - АЛБАНСКИ ЈАЗИК

 

Комисија:
1. Проф. д-р Дејан Наковски

2. M-р Марина Стојмирова

3. Проф. Бурим Алиу