Почитувани ментори,
Ве известуваме дека Регионалните натпревари по географија за ученици од сите одделенија ќе се одржат на 8.04.2023 година со почеток во 10:00 часот.
Натпреварите ќе се одвиваат во според приложените напатствија и Пропозиции, а истите ќе бидат објавени на официјалната страна на Здружението (https://www.geograf.mk).

Теми и материјаили за подготовка на регионалните и државниот натпревар се објавени на страната на здружението, како и во информациите испратени до сите училишта.
На регионалните натпревари директно учество имаат оние училишта кои се наоѓаат во Општина со помалку од 3 (три) Основни училишта.
Теми и материјаили за подготовка на регионалните натпревари:
 VI одделение: – Вселена и вселенски тела, Планетата Земја и Ориентација на Земјата, Литосфера, Атмосфера и Хидросфера - Географија за 6 одделение за основно образование од авторот Бети С. Трајкоска, издадено во 2015 година од МОН
 VII одделение: Природно-географски карактеристики, Население и населби во Република Северна Македонија - Соодветни материјали со релевантни информации и податоци според содржини во наставната програма за 7 одд.
 VIII одделение: – Природно-географски, социо-географски карактеристики на Европа и регионална поделба на Европа (Јужна Европа) - Географија за 8 одделение за основно образование од авторите Коле Павлов, Ѓорѓи Павловски, издадено во 2020 година од МОН
 IX одделение: – Азија, Африка и Америка - Соодветни материјали со содржини според наставната програма за 9 одд.
Учениците имаат на располагање 60 минути да одговорат на прашањата.
• Сите учесници треба да се присутни на местото на настанот во 9:30;
• Во 11:00 часот завршува натпреварувањето, а конечните резултати и пласман ќе биде истакнати и на веб страницата на Здружение на професори по географија на Македонија ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – Скопје;
Менторите ќе бидат вклучени во прегледување на тестовите и во Регионалните комисии
• Незадоволните ученици преку менторот имаат право на приговор до Регионалните комисии, најдоцна 90 минути по објавувањето на неофицијалните резултати;
• Комисијата е должна иститот ден да ги разгледа приговорите и за тоа да го извести подносителот;
• Резултатите од одговорот по приговорот се конечни;
• Доколку повеќе ученици постигнат ист број на бодови на регионалниот натпревар, сите ученици го делат истото место;
• На државен натпревар можат да учествуваат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветниот регион сите кои имаат освоено 85 и над 85 бодови на натпреварот;
• Доколку од регионот нема ученик со над 85 бода, прво пласираниот (еден) од соодветниот регион, се приклучува кон учениците кои се пласирани за државниот натпревар, но не помалку од 70% од максимално предвидените бодови на регионалниот натпревар;
• На регионалните натпревари, дипломи добиваат ученици со освоени прво, второ и трето место, додека менторите добиваат пофалница за освоено место.
• Останатите ученици и ментори добиваат уверение за учество на натпреварот.
За учество на натпреварите не се предвидени никакви трошоци од страна на учесниците, односно без котизација или било кој вид на членарина од страна на учениците или менторите.
Теми и материјаили за подготовка на државен натпревар:
 VI одделение: – Вселена и вселенски тела, Планетата Земја и Ориентација на Земјата, Литосфера, Атмосфера, Хидросфера и Биосфера - Географија за 6 одделение за основно образование од авторот Бети С. Трајкоска, издадено во 2015 година од МОН
 VII одделение: Природно-географски карактеристики, Население, населби во Република Северна Македонија, Економско-географски карактеристики и Заштита на животна средина на Република Северна Македонија – Најнови статистички податоци од ДЗС и соодветни материјали со релевантни информации според содржини во наставната програма за 7 одд.
 VIII одделение: – Природно-географски, социо-географски карактеристики на Европа и регионална поделба на Европа - Географија за 8 одделение за основно образование од авторите Коле Павлов, Ѓорѓи Павловски, издадено во 2020 година од МОН
 IX одделение: – Азија, Африка, Америка, Австралија со Океанија и Поларни области - Соодветни материјали со содржини според наставната програма за 9 одд.

Ви посакуваме успех во натпреварувањето!

РЕГИОНИ

МЕСТО НА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје