На 08.04.2023 година се одржаа Регионалните натпревари по географија за ученици од Основните Училишта. По разгледување на сите пристигнати приговори, изготвени се официјални ранг листи за 6, 7, 8 и 9 одделение. Официјалните ранг листи се конечна и дадени се во прилог.

На државен натпревар ќе учествуваат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место на регионалниот натпревар и сите натпреварувачи кои имаат освоено 85 и над 85 бода.

Доколку од регионот нема ученик со 85 бода, прво пласираниот од соодветниот регион се приклучува кон учениците кои се пласирани за државен натпревар, но не помалку од 70% од максимално предвидените бодови на државниот натпреварот.

На регионалните натпревари, дипломи добиваат ученици со освоени прво, второ и трето место, додека менторите добиваат пофалница за освоено место. Останатите ученици и ментори добиваат уверение за учество на натпреварот.

Државниот натпревар ќе се одржи на 13.05.2023 со почеток во 10:00 часот на Универзитетот Скопје, согласно Правилникот, Пропозициите и Календарот за натпревари.

На сите учесници им посакуваме успех на државниот натпревар!

 

ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ

СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ