Почитувани колеги и колешки,

Ве покануваме да учествувате на 5-тата Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ" – Скопје, која ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на 6.05.2017 година, со почеток во 13:00 часот.

По затворање на седницата, врз основа на потребата за стручно усовршување и професионален развој на наставниците по географија во основни и средни училишта, Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, истиот ден организира Семинар за сите членовите на тема: „ПЛАНИРАЊЕ И ПРИМЕНА НА ИКТ ВО НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО ФУНКЦИЈА НА ФОРМАТИВНОТО ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ“

НАПОМЕНА: Заради ефикасно реализирање на работилниците, потребно е сите заинтересирани учесници на обуката со себе да понесат лаптоп.

 

А Г Е Н Д А
на активностите на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје
(Сабота, 6 мај 2017 година)

 

12:30 – 13:00   Регистрација на учесниците
13:00 – 14:30   Седница на Собрание
14:30 – 15:30   Коктел
15:30 – 17:30   Семинар за стручно усовршување на наставниците:
                                   „Планирање и примена на ИКТ во наставата по географија во функција на формативното оценување на учениците“
17:30 – 17:45   Кафе пауза
17:45 – 18:15   Доделување сертификати

 

Во прилог Ви доставуваме:

ДНЕВЕН РЕД НА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕ

ПРОГРАМА НА СЕМИНАР