Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, го прогласи колегата Дејан Немчиќ, професор по географија од Република Хрватска, за почесен член.
Доказ дека географијата не познава граници се работата и делото на колегата Дејан Немчиќ од Хрватска.

Одлуката за доделување на почесно членство на професорот Дејан Немчиќ е донесена врз основа на сознанијата дека станува збор за наставник кој врши реформа во наставата по географија, а учењето го адаптира на начин кој овозможува изучувањето на географија да биде вистинско уживање за учениците.

ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОЧЕСНО ЧЛЕНСТВО

Неговата популарност меѓу учениците и колегите надвор од неговата земја е уште повеќе изразена поради неговата хуманост и несебична помош во образованието на децата од целата планета.
Дејан Немчиќ е роден во 1986 година во Бјеловар, Република Хрватска. Основно и средно образование завршил во Гарешница – Р. Хрватска, а по завршување на студиите на отсекот за географија на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот во Загреб, во 2012 година се стекнал со титула магистер во едукација по географија.

05  07
Денес, тој предава географија во ОУ „Браќа Радиќ“ во Загреб. Хуманитарната и културната дејност на колегата Немчиќ најмногу е претставена преку основањето на хуманитарната организација „Можеме заедно". Водечки проект на оваа организација е проектот „Африка - Можеме заедно", каде што преку стотици опремени училишта со училишен прибор во Африка, донации на лекови против маларија и слично, помогнати се и спасени илјадници животи. Вкупната површина на која тој делува со овој проект е голема колку цела Европа.

01  02
Својата иновативност колегата Немчиќ ја имплементира во наставата по географија, така што на своите ученици ѝм организира пренос во живо преку Skype од различни места на планетата за подобро да се запознаат со далечните земји и градови.
Најновиот ангажман е неговото приклучување на меѓународниот проект наречен „Освојување на осмиот континент“, преку кој на децата во Хрватска ќе ѝм организира настава преку Skype од вселената. Преку проектот Synergy Moon, со кој на 1 декември годинава се испраќа ракета од Флорида во вселенатa која 73 дена ќе се врти околу Земјата, а Дејан ќе може да биде дел од тимот.

03   04
Дејан Немчиќ учествувал во реализација на многубројни предавања, работилници, акции и повеќе проекти, а има освоено и голем број на награди од кои:
- 2015 – „Боља Хрватска" за проектот „Животот од сите континенти"
- 2016 – „Боља Хрватска" за проектот „Африка - можеме заедно"
- 2017 - Повелба на град Гарешнице и плакета на градот
- 2017 - Добитник на наградита „Учител херој - архитект за подобра иднина" на Bug Future Show
- 2017 - Добитник на наградата „Понос Хрватске".

Затоа, колегата Дејан Немчиќ, претставува пример во кој правец треба да се движи светот, а воедно е и гордост за сите географи независно во кој дел на планетата Земја се наоѓаат.

Корисни линкови:

2017 12 25 221144 2017 12 25 221030  2017 12 25 221104  2017 12 25 221131  2017 12 25 221118